1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хашките случаи ја „гаѓаат“коалицијата

Хашкиот суд треба да го соопшти датумот на објавување на пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за обвиненијата во случајот Љуботен. Во Македонија пак, почетокот на судскиот процес „Мавровски работници“ внесува немир.

default

Зградата на трбуналот во Ден Хаг

Хашкиот трибунал денеска треба да го соопшти датумот на кој ќе ја објави пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за обвиненијата во случајот „Љуботен“. Тарчуловски, кој е осуден на 12 години затвор, очекува ослободителна пресуда по жалбата. Одбраната побара Тарчуловски да биде ослободен бидејќи не бил одговорен за полициската акција во селото Љуботен во 2001 година. Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од март 2005 та година. Во јули 2008-ма тој осуден на 12 години затвор, а за истиот случај поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски беше ослободен. Во Македонија, пак, неодамна започна првиот од четирите судски процеси за извршени злосторства за време на конфликтот во 2001 кои Хашкиот трибунал ги врати на процесуирање пред македонските судови. Почетокот на процесот за случајот „Мавровски работници“ внесува немир како во албанскиот политички табор, така и во владината коалиција.

Автор: СН/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска