1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хауит: Статус кво не е опција за Македонија

„Статус квото не е опција за Македонија“, порача европратеникот Ричард Хауит пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, која денес (20.12) ја разгледа предлог-резолуцијата за напредокот на земјата.

default

Европскиот парламент

Во извештајот на Хауит уште еднаш е повторено барањето на Европскиот парламент упатено до Советот на Европската унија да одреди датум за почеток на пристапните преговори со земјата, без натамошно одлагање.

Исто така е испратен и повик за презмање на понатамошни чекори во процесот на европска интеграција на Македонија, при што е нагласено дека е потребно и итно започнуавње на пред-скрининг процесот за хармонизација на законодавството и придобивките на ЕУ, како и за спроведување на втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Известувачот Хауит изразува и загриженост поради впечатокот кој започнува да се развива дека земјата е „надмината“ во процесот на евроинтеграцијата од другите земји од Западен Балкан, што може да биде контрапродуктивно за постојаното подобрување на меѓуетничките односи во земјата и оти отсуството на редовен напредок во приближувањето кон ЕУ на земјата, претставува ризик за стабилноста и безбедноста на сите земји во регионот.

Околу спорот за името, известувачот потсетува на содржината на пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг, со мислење дека ЕУ треба да биде повеќе ангажирана во процесот на објаснување на општествените придобивки од решението на ова прашање.

Автор: Т. Гламчевски

Редактор: Ж.Ацеска