1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хауит своето ќе го каже утре

Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Хауит, денеска (14.02) имаше средба со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и со членовите на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот.

Ричард Хауит ја посети пленарната сала на Собранието каде се случија дел од инцидентите на 24 декември. Eвропратеникот нагласи дека неговата примарна цел не се овие настани кои, како што рече, фрлаат сенка на Парламентот:

„Бев во Парламентот и покрај фактот што една од партиите не е овде. Важно е што бев во просториите каде што се случиле настаните на 24 декември. Ситуацијата е многу сериозна и тешка за земјата и за иднината на земјата во Европа. Но за тоа ќе кажам многу повеќе утре, прво ќе се сретнам со претставници на сите партии“, изјави европратеникот Хауит по посетата на салата за седници во Парламентот.

Претходно, на средбата со Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот, тој побара од пратениците да реферираат за работата на ова тело и да зборуваат за состојбата со човековите права во земјата, и рече дека тој своите ставови ќе ги изнесе на утрешната прес-конференција.