1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хауит: Пресудата во Хаг да се искористи за решавање на спорот за името

„Пресудата објавена утрово од Меѓународниот суд на правдата во Хаг мора да биде енергија за обновени напори за наоѓање решение“, изјави европратеникот и известувач за Македонија, Ричард Хауит.

default

Ричард Хауит

Претседателот на судот во Хаг, Хисаши Овада, објави дека судот смета оти има кршење на дел од Времената спогодба меѓу Македонија и Грција, и во тој контекст европратеникот Хауит смета дека „пресудата треба да биде обврска за двете страни да преговараат за заемно прифатливо решение“.

„Оваа одлука сама по себе не обезбедува решение, но можеби ќе го донесе решението поблиску“, вели Хауит. Тој ги повикува двете страни „да го остават ова прашање зад непријателскиот амбиент во судницата“.

„Проблемот е во оценките што ги дава јавното мислење во двете земји. За двете страни е потребен обновен и разумен одговор на оваа пресуда за да го доведат соодветното јавно мислење до решение, кое би било фер за сите“, забележува Хауит.

Неговиот извештај за Македонија ќе биде прв што ќе се разгледува во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент на 20 декември годинава.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска