1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хауит повторно бара почеток на пристапните преговори за Македонија

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Хауит во нацрт резолуцијата по извештајот за напредокот на земјата, уште еднаш бара датум за почеток на пристапните преговори, без натамошно одлагање.

Со оглед на позитивната препорака на Комисијата и со предупредување на ризиците од враќање наназад, Хауит го повикува Европскиот совет да ја повтори одлуката од декември 2012, во која широко се споделени ставовите на Европската комисија , односно евентуалното донесување на одлука за отворање на пристапните преговори во текот на следното претседателство и дека Комисијата ќе ги преземе сите неопходни подготвителни работи за да се овозможи ова.

Кои се последиците од немањето напредок

Притоа Хауит ја повикува владата и Комисијата да изработат квантитативна анализа на социјалните, политичките и економските трошоци кои произлегуваат од продолжувањето на неуспехот за земјата да направи напредок во пристапувањето кон ЕУ, како за земјата така и за нејзините соседи.

Во предложената Резолуција, бритaнскиот европратеник заклучува дека критериумите од Копенхаген се доволно исполнети за да Македонија ги започне преговорите за пристапување и го дели ставот на Комисијата дека со отворањето на поглавјата 23 и 24 за правда, демократија и човековите права ќе се зголеми напредокот по многу прашања кои се од особен интерес на некои земји-членки.
Во Резолуцијата се одобрува констатацијата на Европската Комисија дека

Skopje 2014 Gebäude der Regierung

Македонија ги исполнува критериумите од Копенхаген, тврди Хауит

продолжувањето на неуспехот на Европскиот совет да направи напредок во однос на пристапувањето на земјата во кон ЕУ, го ризикува кредибилитетот на процесот на проширување и исто така ја поткопува потребната клима во земјата со цел да се поттикнат реформите и мерките поврзани со ЕУ .

Изразена е и загриженост дека албанското население на земјата може да почне да се чувствува „како напуштено“ во процесот на проширување со оглед на напредокот на Косово и Албанија и тоа може да претставува дополнителен ризик во иднина за стабилноста на земјата.

Проблемот со името и добрососедските односи

Хауит смета дека неуспехот на двете страни за изнаоѓање взаемно фер и праведно решение за решавање на спорот за името во период од речиси 20 години и покрај најдобрите напори на посредникот на ОН , исто така, го доведува во прашање кредибилитетот на рамката за да се постигне ова. Тој ја повикува Грција да го искористи своето претстојно претседателство со Европската унија, заедно со Комисијата, Советот и Парламентот, како и во самата земја, да дадат нов политички поттик во обид да се реши прашањето за името.

Понатаму се поздравени средбите меѓу премиерите на “земјата“ и Бугарија и верува дека длабоките историски и други прашања меѓу двете земји најдобро се утврдуваат со дијалог. Хауит во овој дух ги повика двете земји да продолжат да преземаат значајни чекори кон постигнување билатерален договор.

Внатрешни предизвици

Proteste der Journalisten 23.10.2013 in Skopje

Да продолжи дијалогот за законот за медиуми

Во Резолуцијата се инсистрира на целосна имплементација на препораките на парламентарната комисија за истрага по настаните од 24 декември 2012 година и бара продлабочување на демократијата. Жали што не е постигнат поголем напредок во однос на интегрираното образование, како и за тоа што сѐ помалку млади Албанци не го владеат македонскиот јазик што води до разделување и потенцијален конфликт долж етничките линии меѓу децата на училишна возраст.

Во предложениот текст, меѓу другото се повикува на продолжување на дијалогот за законот за медиуми, кој би требало да биде донесен со широка поддршка на новинарската заедница во земјата.

Хауит ги поздравува напорите на Владата за зачувување на макроекономската стабилност и го поздравува враќањето на растот, но изразува и загриженост околу тоа дали ќе биде достигнато јавниот дефицит до 2016 година да биде сведен на 2,6%.

Членовите на Комисијата за надворешни работи на ЕП имаат рок до 10 декември да достават амандмански измени на предложениот текст од известувачот.

Поврзана содржина