1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хауит не сака учество во преговорите за името

Известувачот за Македонија во Европарламентот, Ричард Хауит по посетата на Скопје најави дека ќе се залага земјата да го добие она што го заслужува и побара да се работи за постигнување на европските стандарди.

default

Ричард Хауит

Ќе работам на промоција на кој и да е постигнат компромис меѓу Скопје и Атина во спорот за името, но не е моја работа да учествувам во преговорите, вели Ричард Хауит, известувач за Македонија во Европскиот парламент, на крајот од неговата дводневна посета на Македонија. Бара да се работи во сите области што значат постигнување на европските стандарди, но смета дека надминувањето на спорот со името ќе овозможи напредок во интеграцијата кон ЕУ.

„Кога ќе се постигне компромис, за кој се надевам дека ќе се случи, јас ќе го поддржам тоа, а во Брисел ќе се заложам земјата да го добие заслуженото – напредок кон соработка, напредок кон преговорите. Тоа ќе го промовирам и во оваа земја, затоа што ги почитувам чувствата на луѓето од оваа земја за историјата, за името, за идентитетот. Ако се постигне соодветен компромис, ќе работам со политичарите во оваа земја да го 'продадеме' тој договор, да го добиеме референдумот, да овозможиме старт на преговорите и да се забрза прогресот кон членството во Европската унија. Тоа е мојата понуда за луѓето тука“, изјави Хауит.

Хауит не сакаше да коментира за напредокот по одделни области и побара евентуалните коментари да ги соопшти по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Посочи дека негова работа во моментов е да ја осознае ситуацијата во земјата, па дури потоа да изнесува одредени заклучоци. Во рамки на дводневната посета на Македонија, Хауит имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, лидери на парламентарните партии, како и со преставници на граѓанското општество и бизнис заедницата.

Автор: БГ/ЖА/макфакс

Редактор: Жана Ацеска