1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хауит на Ахмети му ветил целосна поддршка за Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент ветува целосна поддршка на парламентот за амбициите на земјата да добие датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

Известувачот за Македонија при Европскиот парламент (ЕП) Ричард Хауит дал ветување дека ЕП ќе даде целосна поддршка за европската перспектива на Македонија. На средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, двајцата разговарале за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, како и за сите останати активности во поглед на евроинтеграциите.

Ахмети побарал мобилизација на институциите на ЕУ и координација со САД и НАТО за конечна стабилизација на регионот и негова интеграција во ЕУ и НАТО. Според претседателот на ДУИ, потребно е и директно вклучување на Брисел во процесот за постигнување на решение, на оној начин како што тоа го сториле и за Приштина и Белград, но и при постигнувањето на договорот од 1 март во Македонија.

Хауит, пак, исто така се осврнал и на состојбите со медиумите во земјата, а ја нагласил и потребата од тоа локалните власти да им помогнат на челниците во Брисел, за конечно да се постигне посакуваниот успех.