1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Харадинај стана почесен граѓанин на Тетово

Рамуш Харадинај денеска со свеченост во Тетово беше прогласен за почесен граѓанин. Признанието му го додели градоначалникот Сади Беџети, покрај негодувањата на советниците Македонци.

default

Рамуш Харадинај

Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај денеска во Советот на Тетово ја прими титулата почесен граѓанин на општината.

„Во Тетово се чувствувам како дома“ изјави Харадинај и дополни: „Тетово е нашата историја и решеноста да се оди напред. Оваа чест не е само за денес, туку и за иднина. Ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам и посрамам“, изјави Харадинај.

Признанието му го додели градоначалникот Сади Беџети. „Ние се восхитуваме од неговата биографија, се гордееме со неговото дело и иразуваме длабока почит на универзалните и националните заложби“, изјави градоначалникот на Тетово Сади Беџети.

Советниците Македонци ја бојоктираа седницата, а државниот инспекторат за локална самоуправа изјави дека одлуката е донесена без Бадинтерово мнозинство.

Во образложението стои дека Харадинај е значајна политичка фигура која имала голема заслуга за унапредувањето на човековите права, синоним за храброст и заштитник на демократијата и хуманите вредности.

Партијата Достоинство го откажа протестот

Членовите на партијата Достоинство, кои изутрината тргнаа кон Тетово, го откажаа потестот пред зградата на Општината, каде имало поголема група Албанци за да не дојде до инцидент.

Два часа пред церемонијата пред општина Тетово изјава даде и претседателот на партијата Достоинство, Стојаче Ангелов.

„Ја откажавме првично најавената блокада на општината, бидејќи по консултациите со нашите членови во Брвеница и Тетово, добивме известување дека полицијата не може да им гарантира безбедност на учесниците на протестот. Затоа вака симболично сакаме да го изразиме својот револт со оваа одлука да му се додели одликување на Харадинај, кој е поранешен командант на ОВК на Косово и од каде во 2001-та година Македонија беше напаѓана“, рече Ангелов.