1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Харадинај повторно избран за лидер на Алијансата за иднина на Косово

Петтото изборно собрание на Алијансата за иднина на Косово денеска го резибра Рамуш Харадинај за претседател на партијата. Харадинај убедува дека има план за поинакво владеење на Косово.

default

Рамуш Харадинај воедно беше и еденствен кандидат за лидерската функцијата во Алијансата за иднина на Косово. Тој по изборот изјави дека со неговата партија во владата, граѓаните ќе имаат Косово без корупција и со оддржлив економски развојн. Според него, партијата има план за раководење со Косово, план за развој на секој сектор, ново владеење без корупција, без измами и догми, туку заснован на домашниот економски потенцијал.

„Со Алијансата за иднина на Косово и политичкото мнозинство што сака да го создаде партијата, ќе се остварат стремежите за развојна власт, без корупција, без измами, без екстремна сиромаштија, со економски развој кој се заснова на наши ресурси, на странски инвестиции и на економско партнерство“, порача Харадинај.

Потпретседателот на партијата Бљерим Шаља истакна, пак, дека на Косово му се потребни промени кои ќе ја донесат на власт Алијансата на чело со Харадинај, како иден премиер.

Според претставниците на партијата на внатрешните партиски избори учествувале околу 90 илјади членови на партијата, додека на денешното изборно собрание присуствуваат околу 500 делегати.