1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Харадинај повторно во Хаг

Во Хашкиот тринубал утре и задутре (25/26.06) треба да бидат дадени завршните зборови во судењето на Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен командант на ОВК, Рамуш Харадинај.

default

Рамуш Харадинај

Рамуш Харадинај и уште двајца поранешни припадници на ОВК - Идриз Баљај и Љахи Брахимај, се обвинети за извршени злосторства против човештвото и кршење на законот и обичаите за војување на Косово во 1998-ма година. По завршните зборови во повторното судење, судот до крајот на август или почетокот на септември треба да ја донесе конечната одлука. На крајот на првото судење Харадинај и Баљај беа ослободени од вина, а Брахимај беше осуден на шест години затвор.

Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија во очекување на конечната пресуда на неговото повторно судење условно го ослободи Харадинај и тој на 10 мај пристигна на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина. За време на престојот во Приштина му беше ограничено движењето и забранета каква било политичка активност. Харадинај инаку, беше во притворот на Трибуналот во Шевенинген од 20 јули 2010 година. Судот наложи повторно судење затоа што во првиот процес не беа сослушани два клучни сведока - ПВ-80 и Шефчег Кабаши, поранешни припадници на ОВК кои одбиле да сведочат поради тоа што биле „вознемирувани“ и „застрашувани“. Кабаши одби да сведочи и на почетокот на второто судење, додека ПВ-80 го даде исказот на крајот на процесот во целосна тајност.