1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Хаотична состојба во Киргистан

Киргистанската опозиција ја превзеде контролата врз владините институции. Парламентот на вчерашното вонредно заседание донесе одлука до формирањето нова влада функциите да ги извршува координативниот совет за национално единство со кој раководи Курманбек Бакиев

Курманбек Бакиев, нов вршител на функциите претседател и премиер

Курманбек Бакиев, нов вршител на функциите претседател и премиер

Поранешниот претседател Феликс Кулов, кој беше ослободен од затвор е именуван за шеф на сирте безбедносни сили. Сеуште е непознато каде се наоѓа претседателот Аскар Акаев кој според засега непотврдени информации ја напуштил земјата.

САД Русија и ОН ги повикаа сите политички преставници во Киргистан да најдат заедничко решение по мирен пат согласно уставот и законите. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс соопшти дека САД внимателно ја следат состојбата:

„ Прво ние ги набљудуваме настаните во Киргистан и се обидуваме да помогне во промовирање на процес кој ќе го насочи развиојот на настаните во демократски процес кој ќе им донесе на граѓаните на Киргистан стабилна влада и чекор напред кон подобра демократска иднина„ рече Кондолиза Рајс

Амбасадорот на Киргистан во САД Бактибек Адрисајев на прес конференција во Вашингтон соопшти дека претседателот Акајев не поднел оставка. Според него претседателот во моментите копга демонстрантите ја завзеле белата палата не се наоѓал во неа

„ Претседателот на државата не беше во зградата. Тој не поднесе оставка и се наоѓа на безбедно место„

„ За жал овие настани покажуваат сериозно насилство врз нашиот систем. Нашата држава, ќе се обиде да направи многу работи во обид да ја стабилизира состојбата„ рече Адрисајев

Состојбата во Киргистан ескалираше по епилогот од парламентарните избори кој според опозицијата биле нерегуларни.