1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хаос на фудбалски меч во Бразил

Едно лице го загуби животот, а повеќемина се повредени во масовната тепачка која се случи за време на меч од бразилската фудбалска лига.

Трагедија се случи на синоќешниот (8.12) натпревар од последното коло од шампионатот во Бразил одигран во Жоинвил меѓу Атлетико Параненсе и Васко де Гама. Еден навивач го загуби животот, а еден е во кома откако дојде до физичка пресметка на навивачите на двата тима на трибините. Во инцидентот има и повеќемина повредeни од двете навивачки групи.

Полицијата која доцна реагираше за да ја прекине тепачката на трибините потоа мораше да употреби гумени куршуми и солзавец. Инцидентот се случи при резултат 1:0 за Атлетико Параненсе. Потешко повредените со хеликоптер на полицијата беа префрлени во блиските болници. Поради претходните инциденти на навивачите натпреварот се играше на неутрален терен во градот Жоинвил. Победа од 5:1 постигна Атлетико Параненсе, а Васко де Гама со овој пораз ќе се пресели во понизок ранг. Бразил е домаќин на Мундијалот, а инцидентот се случи само неколку дена по извлекувањето на групите. Светското првенство ќе се одржи од 12. јуни до 13. јули следната година.