1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хаос на изборите во Бангладеш

Во крвавите судири кои ги следат контроверзните парламентарни избори во Бангладеш загинаа најмалку 18 лица. Полицијата, меѓу другото, пукаше врз илјадници демонстранти кои напаѓаа изборни места на северот од земјата.

Во целата земја денеска (05.01.) се запалени 200 изборни места, заедно со гласачките ливчиња. Опозицијата ги бојкотира изборите поради тоа што владата одби создавање неутрална преодна влада, која ќе организира избори. Владејачката Авами Лига на премиерката Шеик Хасина го отфрли ваквото барање како неуставно.

Меѓу жртвите денеска, според полициски наводи, има и еден набљудувач на изборите и лице задолжено за безбедност, кои биле претепани при обид да го заштитат избирачкото место. Полицијата тврди дека во насилствата во текот на денот има вкупно 18 жртви, додека опозицијата зборува за 22-ца свои приврзаници кои загинале на изборниот ден.

Шефот на полицијата во градот Парбатипур, на северот на Бангладеш, Мокбул Хосаин, соопшти дека полицајците биле принудени да пукаат откако биле нападнати од илјадници вооружени демонстранти, кои имале и „мали бомби“.

Портпарол на изборната комисија во Бангладеш изјави дека поради насилството и повиците за бојкот на изборите, одзивот бил многу низок. Првичните резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.