1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хаос во Чиле по земјотресот

Властите во Чиле го продолжија полицискиот час и испратија илјадници армиски трупи кои треба да воведат ред во вториот по големина град во земјата, Консепсион. Toj беше разорен во катастрофалниот земјотрес.

default

Чиле

Анархијата, грабежите и криминалот во Консепсион добиваат драматични размери, три дена по несреќата, која однесе околу 800 човечки животи и предизвика голема материјална штета.

Chile / Erdbeben / Concepcion

Армијата се грижи за редот

Жителите на Консепсион велат дека морале самите да се организираат во групи за да се заштитат од бандите кои стануваат се’ побројни и кои почнале да напаѓаат и приватни куќи. Локалните власти тврдат дека и полицијата и армијата се немоќни да го сопрат насилството, а помошта во вид на храна и лекови пристигнува многу бавно. Во текот на вчерашните судири меѓу армијата и бандите, најмалку едно лице било убиено.

И три дена по земјотресот целосните размери на несреќата не се познати, поради отежнатите комуникации и непристапните предели во делови од земјата. Првичните проценки се дека економската штета од земјотресот ќе достигне најмалку 15 милијарди евра, или повеќе од 10 проценти од Брутодомашниот производ на Чиле. Оштетени се најмалку 1,5 милиони домови.

Chile Flash-Galerie Erdbeben Zerstörungen in Concepcion

Консепсион

Стравувањата се дека земјотресот ќе предизвика дополнителен шок за економијата на Чиле која веќе беше разнишана со светската рецесија. Во обид да ја живне економската активност, централната банка најави дека ќе ги одржува каматите на најниско можно ниво, а рудниците за јаглен, кои се главна индустриска дејност во земјата, продолжија со редовна работа.

Денеска во земјата пристигнува американската државна секретарка Хилари Клинтон, а помош за Чиле веќе најавија Европската комисија, Јапонија и Кина.

Автор: БГ/АТ/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска