1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Хаос во Франција поради штрајкот на железничарите

*

Француските железничари денеска стапија во штрајк поради што е парализиран железничкиот сообраќај. Агенциите јавуваат за вистински сообраќаен хаос околу главниот град Париз. Истовремено штрајкуваат и вработени во француската пошта и во една од најголемите енерегетски компании. Причина се плановите на владата за скратување на досегашните пензиски привилегии, меѓу кои е и право на пензија веќе од 50 години.

Во меѓувреме во Германија заврши третиот поголем предупредувачки штрајк на машиновозачите од кои беа погодени регионалните и ноќните возови. Ниту по повеќе недели преговори се уште нема договор меѓу синдикатот на машиновозачите и Германски железници за новиот тарифен договор.