1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хаос во Брисел

Бриселските автобуси и трамваи денеска (10.04) требаше да прекинат со штрајк, но се штрајкува и натаму. Сообраќајот е во хаос, а вработените во сообраќајното претпријатие бараат поголема безбедност.

„Во моментов не возат ниту трамваи, ни подземна железница, ниту пак автобуси“, соопшти бриселското сообраќајно претпријатие (СТИБ) на својата интернет страница. Агенцијата Белга јави дека денеска изутрина дел од возовите на подземната железница ги напуштиле депоата и штрајкот требало да прекине, но набргу биле повторно вратени назад. Вработените во СТИБ штрајкуваат четврти ден по ред, откако еден нивен колега во саботата (07.04) почина од тешки повреди што му беа нанесени. Убиениот вработен во СТИБ бил повикан на местото на една сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил и бил нападнат од познаник на возачот на автомобилот. Повредите биле толку тешки, што 56-годишникот подоцна починал во болница. 28-годишниот напаѓач подоцна се пријавил во полиција.

Сега вработените на СТИБ штрајкуваат барајќи поголема безбедност на работното место. На средбата со менаџерите на СТИБ и претставници на

синдикатите, министерката за внатрешни работи на Белгија Жоел Милке вчеравечер (09.04) изјави дека во наредните месеци полицијата ќе вработи уште 400 полицајци за да го спречи насилството во автобусите, трамваите и на станиците на железницата. Денеска за предлозите на министерката за разговара со вработените во СТИБ.

Инаку, вработените во бриселското сообраќајни претпријатие уште пред инцидентот укажуваа дека ситуацијата во средствата за јавен превоз и на станиците е опасна по нивниот живот. Во јавниот сообраќај во Брисел во 2010 година биле нападнати 773 патници и 193 вработени на СТИБ.