1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Хановер 2012: Без страв од Кина

На саемот во Хановер 2012 се презентираат 5.000 фирми од целиот свет. Кина, годинава земја пaртнер на саемот, за многу германски претпријатија има посебно значење: таа истовремено е важен пазар и опасен конкурент.

За германската машинска индустрија Кина во меѓувреме е важна земја за извоз. Изминатата година таму оваа индустрија продаде производи во вредност од 19 милијарди евра. Пред десет години беа само пет милијарди. Со германските машини потоа кинеските фирми ги произведуваат продуктите кои ги продаваат во целиот свет.

Но, во меѓувреме и Кина започна да гради комплексни машини, кои на Германците може наскоро да им бидат конкуренција. Во Хановер се презентираат околу 500 фирми. За германската машинска индустрија тоа е добра можност да се запознае колку далеку стигнала конкуренцијата, вели Ханес Хесе, главен раководител на Сојузот на германската машинска индустрија.

Rundgang Merkel Wen Jiabao Hannover Messe

Германија и Кина - партнери и конкурентни

„Кинезите овде во Хановер ќе го презентираат најдоброто меѓу најдоброто. Значи ќе ги видиме врвните технолошки продукти. Тие потоа мораме да ги споредиме, со она што ние имаме да го понудиме. Потоа можеме да видиме колку далеку всушност отишла Кина. Дали врвните технолошки продукти, кои ќе ги видиме овде, во Кина може да имаат широка продукција, тоа мора да го видиме. Ќе биде интересен процес“.

Лесни ветерници

Исто така и Јоахим Фурлендер, чие претпријатие произведува ветерници, внимателно ја следи кинеската конкуренција, но без страв.

windmühle Zugestellt von Gero Rueter

Ветерница на фирмата Фурлендер

„Респект имаме, но не и страв од Кина. На најголемиот кинески производител на ветерници пред неколку години му продадовме лиценца, фирмата со тоа постигна голем успех. Но гледаме дека Кина се’ уште нема пристап до одредени земји во светот. Освен ова многу земји се залагаат за локализирање. Бразил на пример бара 60 проценти локално производство. Со тоа Кинезите имаат проблем, оти сакаат да произведуаваат во Кина и да експортираат во светот. Ние напротив одиме во земјите и нудиме таму да се исцрпат можностите. Оти на луѓето во тие земји исто така им треба работа“.

Фурлендер веќе произведува во Индија, а наскоро ќе бидат отворени претставништа во Бразил, Виетнам и Украина. Она што ова средно претпријатие од Рајнланд Фалц го презентира на саемот во Хановер, на прв поглед се чини неспектакуларно и изгледа како сосема нормално тркало на ветерница. „Посебното е тоа што погонот и генераторот ги сублимиравме во една група и со тоа заштедивме 60 проценти од тежината“, подвлекува Фурлендер.

Помала тежина значи поедноставен транспорт и изградба, и поевтини фундаменти. Ветерниците со тоа ќе станат интересни и за земји, каде улиците и логистиката не се толку добро развиени како во Европа. И покрај помалата тежина, ефикасноста може да се постигне како и со постројките кои се значително потешки.

Хидро турбина за струја

Дека може уште помало и полесно, на саемот покажува фирмата Смарт хидро пауер. Продуктот на баварската фирма е микро - хидроцентрала која работи без акумулациона брана. Тоа е една турбина, која помалку изгледа како мини подморница. Доколку оваа конструкција тешка 300 килограми се постави во река со доволно силен струен ток, цели села може да се снабдат со струја, вели Кристина ди Санто.

„Првата е инсталирана во Перу. Таму има село со 28 куќи. И една ваква турбина ги снабдува сите 28 домаќинства со светлина“.

Фирмата Смарт хидро пауер смета дека оваа водна турбина е еколошка и поволна алтернатива за дизелгенераторите, кои се силно раширени во земјите во развој.

Вештачка ракавица за работниците

Hannover Messe 2012 Roboterhand

Вештачка рака

Со еден типичен проблем на индустриските земји пак се занимава фирмата Фесто од близината на Штутгарт. Ако со 67 години треба да се оди во пензија и дотогаш лицата кои работат телесна работа треба по можност целосно ефикасно да ја извршуваат работата, тогаш е потребно хај-тек решение. Претпријатието брои повеќе од 15.000 соработници и се вбројува меѓу водечките специјалисти за управувачка и автоматизирана техника.

За работниците кои стареат Фесто конструираше еден вид робот рака која може да се носи како ракавица вели порпаролот Хајнрих Фронцек:„Демографскиот развој се одразува, вработените се се’ постари и потребно им е засилување за извршување на работниот процес, при монтажа. Развивме ракавица, која однадвор двојно ја зголемува човечката сила. Тоа во иднина ќе значи растоварување за работниците на работното место“.