1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хановер ја прекина серијата на Бајер

Во последните два меча од 16. коло на Бундеслигата, домаќините Хановер и Борусија (М) однесоа важни победи во битката за горниот дел на табелата.

Хановер ги искористи грешките на противникот и постигна победа од 3:2 против Бајер Леверкузен во последниот натпревар од 16.коло на Бундес лигата. Ова беше прв пораз на Бајер по серијата од четири едноподруго победи и беше резултат на грешките во одбраната. И покрај неуспехот, Бајер го сочува второто место на табелата, но сега со 11 бода заостанување зад неприкосновениот Бајерн Минхен.

Во вториот неделен меч, Борусија Менхенгладбах го совлада Мајнц со 2:0. Типично за Борусија сезонава, головите беа постигнати по контранапади од, речиси, единствените удари на голот на противникот.

Во Франкфурт, Ајнтрахт се врати на победничките патеки по серијата порази. Во саботата совладан беше Вердер со 4:1, па Ајнтрахт се врати на четвртата позиција на табелата. Лидерот Бајерн немаше поголеми проблеми на гостувањето кај „фенерџијата“ Аугсбург. По еден гол во двете полувремиња беше доволен за обезбедување на трите бода.

Во дербито на колото, актуелниот првак Борусија Дортмунд беше непријатно изненаден на домашен терен од Волсфбург. Гостите победија со 3:2 во одличен натпревар полн со неизвесности и пресврти. На поразот на Борусија кумуваше и неправилно досудениот црвен картон за бекот Шмелцер.

Fußball Bundesliga 16. Spieltag Borussia Dortmund VfL Wolfsburg

Дербито во Дортмунд мина со многу контроверзи

Во Штутгарт, домашниот тим извојува важна победа од 3:1 и ја продлабочи кризата во Шалке. Тимот од Гелзенкирхен падна на петтото место на табелата и веќе се шпекулира со името на наследникот на тренерот Хуп Стевенс.

Во дуелот на дното, Нирнберг ја прекина успешната серија на Фортуна Диселдорф. Баварците победија со 2:0 и обезбедија важни бодови во борбата за опстанок. Фрајбург го совлада Гројтер Фирт со 1:0, додека Хофенхајм и по смената на тренерот Маркус Бабел не успеа да дојде до бодови, откако загуби на гостувањето кај Хамбургер со 2:0.