1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хановер и Шалке убедливо до четвртфиналето

Неколку изненадувања и одлична игра на германските тимови ја одбележаа осминафиналната фаза од фудбалската Лига Европа

default

Клас Јан Хунтелар

Германските тимови обезбедија пласман во четвртфиналето на фудбалската Лига Европа, откако во реванш-дуелите убедливо ги совладаа своите противници. Најголемо изненадување на вечерта беше елиминацијата на двата гиганти од Манчестер, Јунајтед и Сити, како и пресвртот на украинскиот Металист против грчкиот Олимпијакос.

Шалке во Гелзенкирхен ја надокнади негативата од 0:1 од првиот дуел против Твенте, поразувајќи го холандскиот тим со 4:1. Јунак на мечот беше Клас-Јан Хунтелар со три погодоци.

На северот во Хановер, домашниот тим немаше проблеми во дуелот со белгискиот Стандард од Лиеж. Во надмоќна игра, Хановер победи со 4:0. Првиот меч заврши нерешено 2:2.

Во Билбао, Атлетик му одржа уште една фудбалска лекција на големиот Манчестер Јунајтед. Баскијците победија со 2:1, откако по првиот меч имаа предност од 3:2. За изненадување се погрижи и португалскиот Спортинг, чии фудбалери и покрај поразот од 3:2 од Манчестер Сити, обезбедија пласман меѓу осумте најдобри, благодарение на победата од 1:0 во првиот дуел.

Fußball Europa League Hannover 96 - Standard Lüttich

Фудбалерите на Хановер

Голем пресврт на украинскиот Металист на гостувањето во Атина кај Олимпијакос. Грците имаа предност од првиот меч од 1:0, и водеа и во реваншот со истиот резултат, се до 83-минута, кога Металист со два погодока во неколку минути им ги прекина европските надежи.

Во останатите дуели пласман обезбедија Валенсија во дуелот со ПСВ, АЗ Алкмар против Удинезе и Атлетико Мадрид кој беше поуспешен од Бешикташ.

Жрепката за четвртфиналето за ова натпреварување и за Лигата на шампиони ќе биде одржана денеска во Нион.

Автор: БГ/дв

Редактор: Симе Недевски