1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хановер и Шалке во осминафиналето

Двете германски екипи обезбедија пласман во натамошниот тек на фудбалската Лига Европа. Сите фаворити ја оправдаа својата репутација во 1/16 финалната фаза.

default

Играчите на Хановер го слават пласманот во осминафиналето

Дуото од фудбалската Бундеслигата Хановер 96 и Шалке 04 останува во натпреварувањата во Лига Европа. Хановер го победи Клуб Бриж и во реваншот во Белгија со 1:0. Во првиот натпревар во Германија, Хановер славеше со 2:1.

Далеку поголеми проблеми имаше екипата на Шалке иако имаше поволен резултат (1:1) од првиот меч во Плзен. На вчерашниот реванш во Гелзенкирхен, Шалке поведе рано во мечот и изгледаше како да се чува за дербите во Бундеслигата во недела во Минхен против Бајерн. Играчите на Викторија го казнија тоа и изедначија пред самиот крај на регуларниот дел од натпреварот, иако играа и со играч помалку. Во продолженијата домашната екипа го засили темпото и на крајот по 120 минути игра славеше со 3:1. Сите три голови за Шалке ги постигна супер-напаѓачот од Холандија Клас Јан Хунтелар.

FC Schalke 04 and Viktoria Pilsen Europa League

Клас Јан Хунтелар го слави еден од головите од хет-трикот против Викторија Плзен заедно со соиграчот Јулијан Дракслер

Фаворитите без проблеми

Останатите реванш натпревари од 1/16 финалната фаза во фудбалската Лига Европа завршија без изненадувања.

На пример, Манчестер Јунајтед забележа безболен пораз на домашниот „Олд Трафорд“ од Ајакс 1:2, но победата од првиот меч во Амстердам од 2:0 му беше доволна за пласман во следниот круг. На останатите синоќешни натпревари беа постигнати следниве резултати:

Атлетик Билбао-Локомотив Москва 1:0 (прв натпревар 1:2)

Твенте-Стеауа 1:0 (1:0)

ПАОК-Удинезе 0:3 (0:0)

ПСВ-Трабзон 4:1 (2:1)

Стандард-Висла 0:0 (1:1)

Валенсија-Стоук 1:0 (1:0)

Андерлехт-АЗ Алкмар 0:1 (0:1)

Атлетико Мадрид-Лацио 1:0 (3:1)

Бешикташ-Брага 0:1 (2:0)

Металист-Салцбург 4.1 (4:0)

UEFA Europa League Pokal

Пехарот на Лига Европа годинава ќе прејде во други раце по елиминацијата на бранителот на титулата Порто

Олимпијакос-Рубин 1:0 (1:0)

Спортинг Лисабон-Легија 1:0 (2:2)

Хановер против Стандард, Шалке против Твенте

Завчера пак Манчестер Сити стана првиот осминафиналист во Лига Европа, откако и во реваншот на домашен терен го совлада бранителот на титулата во ова натпреварување Порто со 4:0 . Првиот натпревар заврши 2:1 за Манчестер Сити.

Осминафиналните натпревари ќе се одиграат на 8. и 15. март, двојките се следни: Металист -Олимпијакос, Спортинг Лисабон- Манчестер Сити, Стандард-Хановер, Валенсија- ПСВ, АЗ Алкмар-Удинезе, Атлетико Мадрид-Бешикташ, Манчестер Јунајтед- Атлетик Билбао и Твенте-Шалке.

Автор: СН/ АТ/ мф/ дпа/ дв

Редактор: Александра Трајковска