1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ханија: “Абас избрза“

Палестинската влада на премиерот Исмаил Ханија се противи на одлуката за распуштање на владата од страна на претседателот Махмуд Абас.

default

Исмаил Ханија и Махмуд Абас

На прес конференција, палестинскиот премиер, Исмаил Ханија рече дека претседателот Махмуд Абас избрзано ја донесол својата одлука. Претседателот на Палестинците вчера ја распушти владата на национлано единство и прогласи вонредна состојба во појасот на Газа. Абас според податоци на неговиот порпарол планира да формира вонредна влада. Во меѓувреме се зголемува опасноста борботите меѓу приврзаниците на Хамас и Фатах од појасот на Газа да се префрлат во Западниот брег. Утрово во Газа ситуацијата е мирна.