1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамилтон повторно на пол-позиција

Возачот на „Мекларен“ Луис Хамилтон и втората трка во шампионатот на Формула 1 ќе ја започне од пол-позицијата. Актуелниот Ф1-шампион Фетел во Малезија ќе стартува од петтата позиција.

default

Пол-позиција за Хамилтон

Луис Хамилтон на квалификациите, пред трката за Големата награда на Малезија, го постигна најдоброто време. Најбрзиот круг кој го извози Британецот, на патеката Сепанг изнесуваше 1:36.219 минути. Друштво на Хамилтон во првиот ред на утрешната трка ќе му прави тимскиот колега Џенсон Батон. Победникот од премиерната трка во Мелбурн, зад најдбриот резултат заостана една и пол десетинка.

Red Bull Sebastian Vettel Melbourne

Фетел ќе стартува од петтото место

Зад болидите на „Мекларен“ трката ќе ја стартуваат еден „Мерцедес“ и еден „Ред Бул“ возач. Михаел Шумахер го освои третото место, што е негов најдобар резултат од враќањето во Ф1, додека четврт е Марк Вебер. Кими Раиконен на „Лотус Рено“ го освои петтото место, но Финецот ќе стартува пет позиции поназад, откако во петокот доби казна од стјуардите, поради промената на менувачката кутија. Актуелниот шампион Себастијан Фетел на квалификациите го освои шестото место. Првите десет на стартот ги комплетираа Роман Грожан (Лотус Рено), Нико Розберг (Мерцедес), Фернадо Алонсо (Ферари) и Серхио Перез (Заубер).

Трката за Големата награда на Малезија, втора во првенството на Формула 1, ќе се вози во недела на патеката Сепанг, во почеток во 10 часот по средно европско време.

Еклстон најави нови договор за Ф1

Шефот на Ф1, Берни Еклстон, по се’ изгледа дека постигна согласност со автомобилските тимови во кралската класа за нов договор „Concorde Agreement“ по 2013 година. „Ме радува што можам да соопштам дека постигнавме согласност за условите за комерцијалните спогодби со поголемиот број актуелните тимови во Формула 1, вклучително ’Ферари’, ’Мекларен’ и ’Ред Бул’, под кои по истекот на актуелниот договор, на крајот на оваа година натаму ќе настапуваат во Формула 1“, соопшти денеска (24.03) Еклстон преку официјалната страница на Ф1 (www.formula1.com)