1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамилтон од пол-позицијата во Абу Дабу

Пилотот на Мекларен Мерцедес ја освои стартната позиција за утрешната трка која ќе се вози за Големата награда на Абу Дабу, на патеката „Јас Марина“

Пилотот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Абу Даби. Тој на патеката „Јас Марина“, во квалификациите постави најдобро време, минувајќи еден круг со време од 1:40.630 минути. Британецот во Абу Даби стигна до својата 25-та пол позиција во кариерата.

Веднаш до Хамилтон, трката ќе ја стартува Марк Вебер на Ред Бул, кој имаше послабо време за 348 илјадити делови од секундата. Хамилтон и Вебер беа единствените возачи кои еден круг минаа со време под една минута и 41 секунда.

Актуелниот светски првак Себастијан Фетел ќе стартува од третата позиција, а до него од вториот ред ќе тргне Пастор Малдонадо возачот на Вилијамс.

Кими Раиконен (Лотус) и Џенсон Батон (Мекларен), го комплетираа третиот стартен ред, додека единствениот конкурент на Фетел в борбата за титулата Фернандо Алонсо на Ферари оствари седмо време, со речиси една секунда послабо време од она на Хамилтон.

Најдобрите десет во квалификациите ги комплетираа Нико Розберг (Мерцедес), Фелипе Маса (Ферари) и Роман Грожан (Ред Бул). Фетел во пресрет на трката за Големата награда на Абу Даби има 240 бодови, 13 повеќе од возачот на Ферари, Фернадо Алонсо. Осуманесеттата трка во првенството на Формула 1, на патеката „Јас Марина“ ќе се вози во недела, со почеток во 14 часот.