1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамилтон на местото на Шумахер во тимот на Мерцедес

Тимот на Мерцедес во Формула 1 ја прекинува соработката со седумкратниот светски првак Михаел Шумахер. Негов наследник ќе биде Британецот Луис Хамилтон.

Рекордерот по освоени титули светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер мора да му го отстапи своето место во тимот на Мерцедес на Луис Хамилтон. „Имав три убави години во тимот на Мерцедес во Формула 1, кои за жал од спортски аспект не минаа онака, како што сите посакувавме“, изјави Шумахер и дополни: „На Луис му посакувам се’ најдобро и успех на целиот тим, за што сите напорно работевме. Сега ќе се концентрирам на претстојните трки“.

Formel 1 Ungarn Lewis Hamilton

Луис Хамилтон за 60 милиони фунти во тимот на Мерцедес

Договорот на Шумахер кој истекува на крајот на сезоната повеќе нема да биде продолжен. Како наследник на 43 годишниот Шумахер, договор потпиша Луис Хамилтон. Тимот на Мерцедес денеска ја потврди оваа информација. Истовремено Мекларен објави дека на местото на Хамилтон доаѓа Мексиканецот Серџо Перез како иден тимски колега на Џенсон Батон.

По тригодишна пауза Шумахер во 2010. година се врати на патеките на Формула 1, меѓутоа неговите надежи за нови успеси не се исполнија. Наместо да се бори за победи и можеби дури и за осма титула светски првак, Шумахер најечсто заостануваше и честопати не можеше да се избори и во тимскиот дуел со Нико Розберг.

Хамилтон, според британскиот весник „Дејли мејл“ со Мерцедес потпишал тригодишен договор за 60 милиони фунти (околу 75,5 милиони евра).