1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Хамбург под закана од терористички напад

И на последниот ден од старата година германските граѓани не можат сосема да здивнат. Вниманието на јавноста е насочено кон предупредувањето од можен терористички напад врз воената болница во Хамбург, за кое се нагласува дека дошло од сериозни извори. Полицијата уште вчера ја забарикадира зградата на болницата со тешки контејнери, со оглед на фактот дека индициите на тајните служби зборуваат за самоубиствен атентат со автомобил бомба. Во меѓувреме во јавноста се разгоре дополнително и дебатата дали ваквата реакција на полицијата не била сепак избрзана. Главно прашање е: станува ли збор за исламски тероризам или пак за "хамбуршки алармизам".

За германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили постапките на покраинските органи во Хамбург не беа само претерани, туку дури и контрапродуктивни. Сега е многу потешко да се проверат несигурните индиции за претстојни терористички напади.

Ваквата забелешка ос сојузниот министер предизвикува отпор и гнев кај покраинскиот сенатор задолжен за безбедносни прашања, Дирк Нокеман. Според него предупредувањата беа конкретни, изјави денеска за Норддојче рундфунк политичарот од спорната партија на судијата Шил.

"Ние вчера добивме конкретни индиции што се однесуваат дури на две по име познати лица. Тие лица се членови на исламското терористичко здружение Ансар ел Ислам и според добиените податоци веќе допатувале во Германија за во Хамбург, од непосредна близина да извршат атентат врз воената болница. Затоа овие мерки ги сметаме за оправдани."

Сличен е и ставот на шефот на Службата за заштита на уставот во Хамбург, Хајно Валдик:

"Вакво решение, што да се прави во таков случај, мора да го донесе полицијата според нејзина проценка. Таа така реши да постапи и јас сметам дека таквото решение може да се брани."

Поддршка за решението на поилицијата од Хамбург дојде и од експертот за безбедносни прашања Ролф ТОпхофен, кој оценува дека Германија можеби не е повеќе само место за одмарање на терористите:

"Тоа е прашање на проценка, дали да не преземам ништо, а нешто да се случи и тогаш кај мене да биде "црн Петко". Според она што до сега е познато, станувало збор за сериозно предупредување."

На работата на безбедносните органи во Хамбург деновиве се гледа со зголемено внимание, бидејќи кампањата за претстојните покраински избори штотуку почна и на партијата од претходната владината коалиција, која се профилираше токму со популистички пароли за ред и поредок, ваквиот полициски ангажман би и бил добредојден за собирање гласови. Членот на партијата на судијата Шил и актуелен сенатор за безбедносни прашања, Дирк Нокеман, на ваквите инсинуации одговара на следниот начин:

"Сметам дека ова е поитполно недопустливо поврзување. Овде не станува збор за каква и да е постапка поврзана со изборната кампања, туку за реална политика. За мене е важно да воспоставам неопходни мерки на заштита."

За неговите и други сили за безбедност беше сепак збунувачка веста дека можеби станува збор сепак за погрешна информација. Имено, во предупредувањето станува збор за воена болница, во која се лекуваат американски војници, што никогаш не било случај со онаа во Хамбург. Во градот Хомбург, пак, има американска воена болница, но доколку станува збор за таа институција, тогаш нема големи стравувања, бидејќи таа веќе се чува на јависоко