1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамбург е на европскиот ракометен трон

Какво финале - ХСВ Хамбург со само еден гол разлика ја победи Барселона и стана европски шампион во ракомет! Тоа е најголем успех во досегашната историја на клубот. Екипата на ТХВ Кил е „само“ четврта.

Во драматичен завршен натпревар на ракометната Лига на шампиони, пред 20.000 гледачи во Келн, аутсајдерот ХСВ Хамбург го совлада фаворитот Барселона со 30:29 (25:25; 9:11) по продолженија. Тоа е најголемиот успех на Хамбург во клупската историја. Германскиот првак од 2011 година на тој начин го потврди сјајот од гала-полуфиналето на „фајнал фор“ турнурот против ТХВ Кил, кој инаку, по поразот од Киелце, заврши на разочарувачкото четврто место. 

Ова е втор триумф на Хамбург на меѓународниот паркет, по победата во Европскиот куп пред шест години. Клубот, по Магдебург (2002) и Кил (2007, 2010 и 2012) се трета германска екипа која го освоила трофејот во Лигата на шампиони.