1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Хамбург – европски прозорец за Кина

Хамбуршкото пристаниште профитира од кинескиот економски бум. Во ниту едно друго европско пристаниште не стигнува толку стока од увоз и извоз за Кина, колку во хамбург. Во иднина соработката со кинеските пристаништа уште повеќе ќе напредува.

Знамето на Хамбург

Знамето на Хамбург

Од пред неколку години Хамбург како ниту едно друго пристаниште во Европа профитира од растечката размена на стоки меѓу Кина и Европската унија. Во минатата година во хамбуршкото пристаниште беа примени или испратени околу милион и 300 илјади контејнери, односно 15 насто повеќе од претходната година. Поинаку кажано: една шестина од сите стоки што се примаат во хамбуршкото пристаниште доаѓаат од Кина или се транспортираат во таа земја. Со тоа Кина е најважниот трговски партнер на Хамбург. Обете страни сметаат и во наредните години на високи стапки на пораст. Во Хамбург веќе се вработуваат нови луѓе за да се реагира навреме на зголемената побарувачка. Во иднина Хамбург и Шангај ќе соработуваат уште потесно. Тоа е договорено при неодамнешната средба на луѓето од овие пристаништа, потврдува Манфред Ројтер:

“Пристаништето во Шангај денес е третото најголемо за контејнери во светот и има толку големи стапки на пораст што ако така продолжи, ќе стане број еден во светот. Веруваме дека со интензивна размена на мислења и на ноу-хау може да профитира и нашето пристаниште. Азија сепак е еден малку поинаков свет. Нас не интереисра на пример, како се финансираат тамошните пристаништа".

Во иднина ќе се размаенуваат соработници што ќе придонесе за натамошни добивки меѓу различните сознанија во градењето на пристаништата и нивното менаџирање. По морски пат од Кина кон Европа се траспортираат апарати за домакинствата, како и Хај-фај и видео опрема, додека од Германија пред се машинска опрема, автоделови и алати. Бродовите од Кина најчесто го избираат Хамбург како место за истовар зашто побргу и поефтино се стигнува натаму на европското копно отколку преку Атверепен или Ротердам, вели Манфред Ројтер од хамбуршкиот оддел за економија и работа:

“Кина е пазар на кој се водат тешки битки во конкуренцијата на пристаништата од северниот брег. Тој ги опфаќа пристаништата од Антверпен до Хамбург. А, Хамбург таму е број еден. За Кина ние сме вратата кон Централна, Јужна и југоисточна Европа – новите пазари во кои пристигнува многу кинеска стока“.

Хамбург и Шангај негуваат трговски односи повеќе од 130 години. Двете најголеми кинески фирми за превоз КОСКО и Чајна шипинг се застапени во Хамбург, подеднакво како и 320 други фирми од Кина. За да се подготват за енормниот пораст во меѓународната трговија надвор од Шангај во моментов се гради ново пристаниште со поголема длабочина во што учествуваат и фирми од Хамбург.