Хамбург допира и до муслиманските заедници | Свет | DW | 15.11.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хамбург допира и до муслиманските заедници

Хамбург стана првата покраина во Германија која потпиша формален договор со муслиманските заедници, признавајќи ги нивните празници и подобрувајќи го религиозното образование во училиштата.

Градоначалникот Олаф Шолц, церемонијата во парламентот ја опиша како „важен настан“ каде тој и претставниците на муслиманските заедници ги ставија своите потписи.

„Со потпишување на овие договори ја зајакнуваме општествената основа на нашиот град. Сите ние сме Хамбург“, рече Шолц, поранешен министер за труд на опозициската Социјалдемократската партија.

Хамбуршките договори се потпишани заедно со заедницата на Алевитите и три муслимански организации: Турско-исламската унија (ДИТИБ), Советот на Исламските заедници (Шура) и Здружението на исламските културни центри (ВИКЗ). Алевитите се либерална исламска заедница, чијшто наголем дел се наоѓа во Турција.

Зекирија Алтунг, претседател на ДИТИБ, ова го нарече „историски ден за Хамбург, но и за Германија“.

Договорите се’ уште чекаат на конечно одобрение од парламентот, каде што Шолц и Социјалдемократската партија се мнозинство. Градоначалникот вели дека се надева на „широк консензус“, а опозицијата, односно Демохристијаните и Зелените, веќе ги поздравија договорите.

Протестантскиот бискуп во Хамбург Кирстин Ферс вели дека градот е отворен и толерантен кон целиот свет. Католичкиот бискуп Ханс-Јохан Јашке вели дека е важно што различните религии си помагаат една на друга и комуницираат меѓусебно.

Нови промени

Договорите ги признаваат религиозните празници на муслиманите и алевитите, вклучувајќи и одредби за градење на џамии и одржување на културни објекти. Како дел од одредбите се и ритуалите на закоп без ковчег, како и советувањето пациенти и исповедувањето затвореници од муслимански свештени лица.

На муслиманите и алевитите, како и на христијаните, од работодавците ќе им бидат овозможени три религиозни празници во текот на една година, а на истите празници и учениците ќе можат да отсуствуваат од часовите во училиштата.

Moslems feiern islamisches Opferfest

Муслимани во џамија во Хамбург

Муслиманите од Хамбург ќе помогнат во понатамошното развивање на моделот за религиозно образование во училиштата, кој веќе вклучува будистички и еврејски гледишта. Протестантската црква традиционално ги надгледува религиозните часови во покраината.

Договорот не носи поголеми законски промени. На муслиманските ученици веќе им се дадени слободни денови за празниците, а работниците за религионзиот празник ќе треба да ги одработат или да ги земат од оние кои им следуваат за одмор.

Договорите не гарантираат значителна финансиска помош, како што уживаат Протестантската и Католичката црква, кои според германскиот закон се институции кои земаат специјални даноци од државата.

Покраината Хамбург вети дека ќе побара муслимански радио и ТВ термини, како веќе постоечките протестантски и католички, но и дека ќе овозможи места за муслиманите во радиодифузниот совет на јавниот сервис НДР и втората програма ЦДФ.

Другите да го следат примерот

Преговорите во Хамбург за првпат почнаа во 2006 за време на мандатот на предходниот градоначалник Оле фон Бојст, член на Демохристијанската партија.

Официјално во градот живеат околу 130.000 муслимани и 50.000 алевити. Слични договори со протестантската и католичката црква биле потпишани во 2005 година, додека по две години следел договорот со еврејската заедница.

Договорот претставен во август ја разбрануваа јавноста во другите покраини.

Северозападната покраина Бремен создава мерки, а градоначалникот Јенс Бернсен вели дека: „граѓаните од исламската вероисповед се значаен дел од популацијата од Бремен“.