1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамбургер ја задржа лидерската позиција

Хамбургер останува на лидерската позиција во фудбалската Бундеслига и по осмото одиграно коло. Во последниот натпревар против Шалке 04, Хамбургер ремизираше 1:1, што беше доволно за го задржи првото место.

default

Од натпреварот Хамбургер-Шалке

Стрелец на водечкиот гол за Хамбургер во 29. минута беше репрезентативецот Пјотр Троховски. Шалке дојде до израмнување на почетокот на вториот дел преку Бенедикт Хеведес. Тренерот на Шалке, Фред Рутен е задоволен:

„Првото полувреме му припадна на Хамбургер, второто беше наше. Тогаш го зголемивме темпото на играта. Одигравме умно и мислам дека на крајот можеме да бидеме задоволни со нерешениот резултат„ изјави Рутен

Хамбургер ја пропушти можност да ја освои шестата првенствена победа. Но и покрај нерешениот резултат, три кола едноподруго е на врвот. Мала утеха за тренерот Мартин Јол и неговите играчи:

„Повторно сме во врвот во Бундеслигата, што многу не радува. Во второто полувреме не можевме да направиме силен притисок. Шалке тогаш беше малку подобар тим. Како што кажав, со тоа можам да живеам, но не може да се каже дека сме многу задоволни„ изјави Рутен

Bundesliga HSV - Schalke 04

Пјотр Троховски

Сепак тренерот на Хамбургер, треба да биде задоволен од формата на Троховски, кој по одличната партија во средата на натпреварот, Германија-Велс, покажа дека е расположен:

„Јасно дека последната недела со националниот за мене помина добро и беше извонредна. Но како што кажав и претходните недели за мене поминаа добро„ изјави Троховски

Хофенхајм и натаму гази одлично

Хамбургер со 17 освоени бодови е на врвот на табелата. Еден бод помалку има хитот на првенството, Хофенхајм. Тимот на тренерот Ралф Регник, кој е најдобар повратник во првата лига во последниве десет години, одигра одличен натпревар во Хановер, каде против истоимениот тим славеше со убедливи 5:2. За текот на натпреварот доволно покажува податокот дека домаќинот имаше водство од 2:1. Регник секако е задоволен:

„Впечатлив беше начинот на кој играчите се обидоа повторно да го добијат овој натпревар. Секој напад значеше шанса за гол и речиси секој напад беше и гол. Се разбира дека сме многу задоволни„ изјави Регник

Напаѓачот на Хофенхајм Сејад Салиховиќ исто така е задоволен од прикажаното на теренот:

„Денеска се` помина едноставно многу добро. Мора да кажам дека тимот одигра одлично во второто полувреме. Добро е што го одржавме потребниот квалитет во нападот за постигнување голови„ изјави Салиховиќ

Без изненадувања во средината на табелата

Два бода помалку од лидерот, на третата позиција има Баер Леверкузен, кој освои значајна победа на гости во Франкфурт, против Ајнтрахт, од 2:0. На четвртото место на табелата се проби Херта од Берлин, која го совлада Штутгарт со 2:1. Петти е тимот на Волфсбург кој со убедливи 4:1, ја совлада Арминија Билефелд. Популарните „волци„ ја предводат групата тимови од 6. до 10. позиција, кои имаат по идентични 13 бодови. Покрај Волфсбург, тука спаѓаат и Шалке, Штутгарт, Борусија Дортмунд и Келн.

Fussball Bundesliga Borussia Mönchengladbach 1. FC Köln

Од натпреварот на Келн

Избраниците на Кристоф Даум се во добра форма. Трет пат едноподруго слават победа, викендов против Енерги Котбус, со минимални, но значајни 1:0. Тренерот на Келн е задоволен:

„Тимот на Котбус можевме целосно да го контролираме во офанзивниот дел. Притоа морам да нагласам дека во одбраната игравме апсолутно сигурно. Но кога станува збор за нападот морам да кажам дека прокоцкавме доста шанси за гол„ изјави Даум

Тимот на Келн на табелата има еден бод предност пред Вердер Бремен и Баерн Минхен, кои се на десетата, односно на единаесетата позиција. Баварците во саботата на гости во Карлсруе, дури во финишот обезбедија минимална победа од 1:0. Вердер на гостувањето во Дортмунд, против Борусија одигра нерешени 3:3. Значаен бод на гостински терен освои и Борусија Менхенгладбах. Нерешените 2:2 против Бохум, беа значајни за одлепување од опасната долна фаза на табелата, во која се наоѓаат ушрте Енерги Котбус и Ајнтрахт Франкфурт.

Хамилтон пред остварување на сонот

Огромно внимание на викендот предизвика претпоследната трка во шампионатот во Формула еден. На програмата беше трката за големата награда на Кина, која се возеше на патеката во Шангај. Најрадосен беше возачот на Мекларен Мерцедес, Луси Хамилтон, кој со вчерашниот триумф, на една трка пред крајот на шампионатот е на чекор до освојување на светската титула. Хамилтон, самоуверено и без ниту една грешка, ја заврши трката пред двоецот на тимот на Ферари, Фелипе Маса и Кими Раиконен.

Сепак, британецот е пред многу тешка задача на последната трка во Сао Паоло да ја задржи предноста пред Фелипе Маса од Ферари, кој во генералниот пласман сега заостанува седум бодови. Дополнителен психолошки товар за младиот британец е и минатогодишниот епилог на првенството, кога во идентична бодовна ситуација покажа дека се` не е завршено. Имено Хамилтон лани во Сао Паоло замина како водечки во генералниот пласман со идентични седум бодови предност, но пред Кими Раиконен. На огромно изненадување Хамилтон не ја заврши трката, а титулата ја освои Раиконен.

Großbritannien Motorsport Formel 1 Fahrer Lewis Hamilton

Луис Хамилтон

Хамилтон е свесен за тежината на задачата која му претстои, но како што изјави по трката во Кина, ќе стори се` за да го оставри својот сон, до кој го дели само чекор. Доколку тоа му појде од рака, Луис Хамилтон ќе стане најмладиот светски шампион во натпреварите во Формула еден. Во последната трка, Хамилтон и Маса влегуваат со идентичен број на освоени први и втори места. Возачот на Мекларен има освоено едно трето место повеќе, што секако значи и голема предност во борбата за титулата. Бразилецот е пред огромен притисок, пред се заради фактот што мора да оди на победа или најмалку второ место и да се надева на повторен кикс на Хамилтон.

Во конкуренција на конструктори, Ферари е во водство со 156 бодови, пред тимот на Мекларен Мерцедес кој има 11 помалку. Последната трка на програмата е на 2 ноември.