1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамбургер се квалификува за Лигата на шампионите

Германија ќе биде застапена во Лигата со три екипи – Баерн и Вердер се директни учесници, а за место преку квалификациите се избори и Хамбургер

Капитенот на Хамбургер ван дер Ваарт

Капитенот на Хамбургер ван дер Ваарт

Хамбургер на гостувањето во шпанскиот град Памплона одигра нерешено 1 спрема 1 со Осасуна. Средбата започна лошо за гостите од Германија – веќе во 6-тата минута Осасуна поведе со голот на Куелјар. Израмнувањето дојде дури во 74-тата минута, а стрелец беше де Јонг. Првата средба заврши без голови 0 спрема 0, па на Хамбургер тоа му беше доволно за пласман во Лигата на шампионите, што однапред му гарантира приходи од најмалку 8 милиони евра.

„Една година многу напорно работевме во Бундеслигата за да се квалификуваме за Лигата на шампионите. За нашиот клуб, за моите играчи е извонредно важно што сега ќе можат да ги одмеруваат силите со најдобрите во европскиот клупски фудбал. Ова е мнопгу голем момент за мојот клуб“ – изјави тренерот на Хамбургер Томас Дол.

За фудбалската Лига на шампионите синоќа се квалификуваа и Бенфика Лисабон со победата над Австрија од Виена со 3 спрема 0, Валенсија, која со истиот резултат го совлада Салцбург, Милан, кој на гости во Белград ја победи Црвена Звезда со 2 спрема 1, и Ливерпул, кому, како и на Хамбургер, му беше доволен нерешениот резултат од 1 спрема 1 на гости кај Макаби од Хаифа.

Денеска се играат преостанатите квалификациони средби. Во Скопје македонскиот претставник Работнички има тешко решлива задача по поразот на гостувањето кај францускиот претставник Лил со 3 спрема 0. Поразените екипи од квалификациите ќе учествуваат во купот на УЕФА. Попладне во Монако ќе биде извлечен составот на групите за Лигата на шампионите.