1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамбургер и Бајер и натаму уверливи на врвот

По седмото коло во Бундеслигата нема промени на врвот на табелата а и на дното е слично како и досега. Хамбургер и натаму води по победата над Бајерн од Минхен. Хофенхајм со „петарда“ пак ја закова на дното Херта Берлин.

default

Фудбалерите на Хамбургер го слават победничкиот гол против Бајерн Минхен

Хамбургер меѓу славје и фрустрации. Во средата водечкиот тим во Бундеслигата во Купот на Германија се избламира во натпреварот со еден третолигаш и испадна од натпреварувањата, а веќе три дена подоцна Хамбургер победи во главното дерби на седмото коло во Бундеслигата против Бајерн од Минхен со 1:0 и со тоа го одбрани водството на табелата.

Рекордерот во титули во Бундеслигата наспроти тоа мора да се задоволи со шестото место на табелата и шест бода заостанување зад Хамбургер. Тренерот на Бајерн, Луис ван Хаал по мечот во Хамбург со следнава оценка: „ Мислам дека тоа беше врвен натпревар со многу тактички надмудрувања. Сметам дека победи посреќната екипа“.

Експлозивно дерби Борусија Дортмунд- Шалке 04

Bundesliga Schalke Dortmund

Сцена од дербите Борусија Дортмунд- Шалке

За Шалке 04 пак саботата веројатно беше најубавиот ден во годината. Екипата на тренерот Феликс Магат славеше на гости во локалното дерби против Борусија Дортмунд. Тоа беше тесна победа со 1:0, но Магат уживаше во неговиот прв дерби-меч против Борусија: „Беше експлозивно, но расположението беше прекрасно, а со оглед дека победивме со 1:0 беше и напнато. Тоа беше нагласено борбен натпревар и затоа немаше многу убава игра, но не изостануваше драматичност.“

Во седмото коло имаше и уште едно локално дерби и тоа т.н рајнско меѓу Келн и Бајер Леверкузен. Веќе 12 години Келн нема остварено победа против ривалот од соседството, а така беше и овојпат. Тренерот на Келн, Хрватот Звонимир Солдо по минималниот пораз на домашен терен од 0:1 разбирливо беше разочаран: „Тоа беше изедначен натпревар. Ние меѓусебно се неутрализиравме. Леверкузен немаше големи шанси за гол, ние истотака. И сметам дека нерешен резултат ќе беше праведен. Се разбира разочарувачки е кога на самиот крај ќе се прими гол“.

Бајер Леверкузен со овие три бода го задржа второто место на табелата со ист број бодови како и Хамбургер.

Порази на Мајнц и Франкфурт

Flash-Galerie Bundesliga Wolfsburg Hannover

Плејмејкерот на Волфсбург, Мисимовиќ (лево) во дуел со Јежи Штајнер од Хановер

Првиот и веројатно најубавиот гол на саботните натпревари во Бундеслигата падна во Волфсбург. Креаторот на играта на шампионот, босанскиот репрезентативец Звјездан Мисимовиќ од слободен удар со многу чуство ја пласираше топката во горниот десен агол на голот. И тоа беше најава за уште три голови во мрежата на гостинската екипа од Хановер. Во еден динамичен и возбудлив натпревар во ова покраинско дерби „Волците“ славеа со 4:2. „Тоа беше заслужена победа. Ние за жал самите со невнимателност на крајот направивме натпреварот да биде неизвесен, но победата е заслужена“, изјави по мечот Мисимовиќ.

Вердер од Бремен пак докажа дека може да победува и без креаторот на играта Месут Езил. Во седмото коло тој славеше убедлива победа на домашен терен против новајлијата во лигата Мајнц за кој настапи македонскиот репрезентаативец Николче Новевски. Со тоа Вердер го задржа приклучокот со водечката група на табелата, а Мајнц и покрај поразот остана во горниот дел на табелата.

Таму и покрај првиот пораз во сезоната и натаму е Ајнтрахт од Франкфурт за кој поради повреда не настапи македонскиот репрезентативец, Александар Васовски. Во саботата во Франкфурт славеше Штутгарт и тоа со убедливи 3:0 и на тој начин ја прекина негативната серија од четири натпревари без победа во Бундеслигата. Со тоа Штутгарт се приближи кон сигурната средина на табелата.

Ибишевиќ се враќа во голгетерска форма

Fussball 1. Bundesliga Trainer Markus Babbel Eintracht Frankfurt VfB Stuttgart

Тренерот на Штудгарт, Маркус Бабел презадоволен од победата во Франкфурт

Минатата сезона Херта од Берлин во долг период беше и претендент за титулата. Сега меѓутоа Берлинчани го имаат најслабиот старт на сезоната во клупската историја и едноставно не можат да се одлепат од дното на табелата. Со поразот од 5:1 во вчерашниот натпревар кај Хофенхајм, Херта западна во уште подлабока криза. Ова е шести пораз по ред на Берлинчани со што оставката на тренерот Лусиен Фавре изгледа се поверојатна: „Никој не е задоволен со ситуацијата, но не сакам да давам коментари за тоа по натпреварот“, рече Фавре по мечот со разиграниот Хофенхајм за кој вистинско враќање во старата форма направи босанскиот репрезентативец Ведад Ибишевиќ, кој постигна хет-трик по постот во првите шест кола.

Ибишевиќ во минатата есенска полусезона беше најдобар стрелец во Бундеслигата со 18 голови. „Да, знаев дека головите ќе дојдат. Секогаш го велев тоа. Другите луѓе беа многу понервозни од мене. Но јас сум многу среќен што денеска ми успеја да постигнам три гола.“

Успешно деби на привремениот тренер на Бохум

Bundesliga 7. Spieltag Nürnberg - Bochum

Сцена од мечот Нирнберг- Бохум

Во вториот вчерашен натпревар, Фрајбург успеја за првпат во сезонава да слави на домашен терен и тоа против Борусија од Менхенгладбах со убедливи 3:0. За гостите пак тоа беше трет пораз по ред во сезоната: „Сметам дека ова денеска беше со сигурност нашиот најслаб натпревар сезонава. Заслужен беше поразот и според бројот на голови. Сега треба навистина бргу повторно да застанеме на нозе“, изјави по мечот тренерот на Борусија, Михаел Фронтцек.

Трет пораз по ред доживеја и Нирнберг и тоа на домашен терен. Во единствениот натпревар што се одигра во петокот „Франките“ загубија од Бохум со минимални 0:1. По поразот во купот од Шалке со 3:0, оваа беше успешно лигашко деби за привремениот тренер на Бохум Франк Хајнеман. Тој во минатата недела седна на клубата на Бохум по разрешувањето на тренерот Марсел Колер.

Автор: Сара Фаупел / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска