1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамбургер е нов лидер

Шестото коло во фудбалската Бундеслига не донесе посебни изненадувања. Најефикасно заврши натпреварот во Бремен, каде беа постигнати дури девет голови. Баерн Минхен падна на деветото место на табелата.

default

Тренерот на Баерн, Јирген Клинсман

Ајнтрахт Франкфурт и натаму е единствениот тим во Бундеслигата, кој по шест одиграни првенствени кола и натаму е без победа. Планот да се освојат трите бода во дуелот против Арминиа Билефелд, пропадна. Франкфурт многу рано прими гол и долго време бркаше израмнување. Во финишот на натпреварот, Бенјамин Келер, го израмни резултатот на конечни 1:1: „Јасно е дека е тешко, но човек постојано треба да се обидува да се консолидира и притоа некогаш се случуваат шанси и паѓаат голови. Мислам дека можевме да победиме со 2:1, доколку имаше уште малку време за играње, но сепак освоивме еден бод„ изјави Келер.

Запрена серијата на Волфсбург

Минатогодишниот хит на сезоната, тимот на Карлсруе, полека се враќа на патеката на успехот. Вчерашната (28.09.2008) победа против тимот на Волфсбург од 2:1, секако ќе влијае за враќање на самодовербата. „Волците“ од градот на Фолксваген беа подобар тим, но не ги искористија најдобро своите шанси. Со тоа Волфсбург ја прекина серијата од дванаесет едноподруго натпревари, без претрпен пораз. Тренерот на Волфсбург, Феликс

Gesichter der Bundesliga - Felix Magath

Феликс Магат

Магат, побара да најде оправдување за поразот: „Тоа го објаснувам со фактот дека токму во четврток не очекува натпревар во рамки на Купот на УЕФА. Мислам дека добар дел од нашите момчиња играа со фокусирани мисли токму на овој натпревар, кој не‘ очекува во Букурешт“, изјави Магат.

Тренерот на Карлсруе, Еде Бекер е задоволен: „За време на натпреварот моравме да се справиме со големи проблеми. Од друга страна имавме исто така и среќа, но и добар голман.“

Фудбалски празник во Бремен Највозбудливиот натпревар во шестото коло се одигра во саботата, во Бремен, каде на дуелот меѓу Вердер и Хофенхајм беа постигнати дури девет голови. Домаќините беа среќни победници, славеа со 5:4. Тренерот на Вердер, Томас Шааф беше задоволен: „Тоа беше еден извонреден натпревар за публиката, која со недели посакуваше да види вакво нешто“, изјави Шааф.

Нов лидер на табелата е Хамбургер, кој минимално со 1:0 славеше против Борусија Менхенгладбах. Веднаш зад него со бод помалку е тимот на Баер Леверкузен, кој на гости во Бохум славеше со 3:2. На третата позиција е Вердер

Fussball Bundesliga Bayern München Werder Bremen

Тренерот на Вердер Бремен, Томас Шааф

Бремен со два бода заостанување зад лидерот. Четврти е Шалке, а петта Борсија Дортмунд.

Баерн повторно разочара

Шалке 04 падна од лидерската позиција по поразот во првиот натпревар од колото во Келн, со минимални 1:0. Борусија Дортмунд исто така се радуваше на триумф, овојпат против Штутгарт, со убедливи 3:0. Повторно разочара Баерн Минхен, кој по минатонеделниот дебакл во дуелот со Вердер, кој го загуби со 5:2, претрпе пораз и на гостувањето во Хановер со 1:0. Тимот на Јирген Клинсман сега падна на деветата позиција.

Во долниот дел на табелата се Котбус, кој победи на гости во Берлин против Херта со 1:0, Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах.