1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хамбургер во полуфиналето на Европа Лигата

Екипата на Хамбургер обезбеди пласман во полуфиналето на Европа Лигата по победата над Стандард. Волфсбург не успеа во дуелот против англискиот Фулам. Ливерпул и Атлетико Мадрид ја сочинуваат втората полуфинална двојка.

default

Радост на Петриќ по вториот постигнат гол

Хрватскиот интернационалец Младен Петриќ беше херојот на тимот на Хамбургер во реванш дуелот против Стандард во Лиеж. Хамбургер успеа да победи и во реваншот, овојпат со 3:1, и со вкупен резултат од 5:2 да се најде меѓу четирите најдобри тимови во второто по ранг европско фудбалско натпреварување. Уште во петтата минута Петриќ го постигна водечкиот гол за својот тим, кој ја навести успешната ноќ за Хамбургер, а со фантастичниот погодок со ножички во 35-та минута стави точка на мечот. „Одигравме одличен меч денеска. Многу концентрирано ја контролиравме топката и играта на противникот. Не му дозволивме на Стандард да се разигра и заслужено победивме“, изјави Петриќ по мечот.

Германската јавност се надеваше дека и годинава повторно ќе видат домашно полуфинале во овој куп, но сметките ги расипа англискиот Фулам кој го елиминираше Волфсбург. По поразот од 2:1 во Лондон, актуелниот германски првак не успеа да ги совлада солидните Англичани ниту пред своите навивачи. Голот на Замора уште во 23-та секунда го одлучи овој меч. „Голема штета е што јас денеска не успеав да го составам тимот на тој начин што ќе ни обезбедеше пласман во полуфиналето. Силно го посакувавме тоа и јас и мојот тим. Можеби вината е кај мене“, изјави по мечот разочараниот тренер на Волфсбург Лоренц Гинтер Кестнер.

За пласман во финалето кое се игра токму во Хамбург, екипата на Фулам сега ќе треба да елиминира уште еден германски тим, и тоа токму евентуалниот домаќин.

Fußball Europa League VfL Wolfsburg - FC Fulham

Волфсбург не успеа во дуелот против Фулам

Во второто полуфинале на програмата ќе биде шпанско-англиска пресметка. Атлетико Мадрид го елиминираше тимот на Валенсија, иако на домашен терен во реваншот одигра само 0:0. Доволни беа нерешените 2:2 од првиот дуел.

Ливерпул немаше проблеми против Бенфика, и се реваншираше за поразот од пред 7 дена, со убедливи 4:1.

Полуфиналните дуели се на програмата на 22 и 29 април.

Автор: БГ/ЖА/дв

Редактор: Александра Трајковска