1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хамас формира влада

Кандидатот за премиер Исмаил Ханија синоќа на претседателот Махмуд Абас му го претстави предлог кабинетот, кој најдоцна за 48 часа треба да се најде на гласање пред пратениците.

Исмаил Ханија

Исмаил Ханија

Новиот палестински владин кабинет ќе биде составен од 24 министри, меѓу кои ќе има една жена и еден христијанин. Мандатарот Исмаил Ханија по кратката средба со претседателот Махмуд Абас нагласи дека новата влада ќе ја сочинуваат професионалци, експерти и технократи. 14 министри се од западниот брег а десет од појасот на Газа.

Палестинскиот претседател по средбата со Ханија нагласи цитирам, „ Се молам на господ да ни помогне. Задачата не е лесна, ниту за нас ниту за новата влада. Ни претстојат важни задачи, кои ќе ги придвижиме со посветеност и поддршка на нашиот народ„

Махмуд Абас најдоцна за 48 часа треба да го свика раководниот орган на палестинската ослободителна организација, на која треба да и го претстави предлог владиниот состав.

Потоа предлогот заминува во парламентот каде народните преставници треба да гласаат за нејзина доверба. Засега не се познати сите имиња на министрите, но сигурно е дека во владиниот состав ќе влезат и главните лидери на Хамас, Махмуд Захар и Саид Сиам. Според информациите Захар ќе биде нов министер за надворешни а Сиам за внатрешни работи. Останатите имиња тртеба да бидат соопштени во текот на денов. Иако се очекуваше двајцата политичари по средбата не излегоа на заедничка прес конференција. Исмаил Ханија разговорите ги окартактеризира какоп пријателски и позитивни.

Палестинскиот преставник во мировните преговори Саеб Ерекат воочи средбата Абас Ханија изрази надеж дека претседателот нема да го блокира процесот на формирање влада. Народниот фронт за ослободување на Палестина беше последната партија која одлучи да не биде дел од новиот владин кабинет. Високи преставници на партијата изјавија дека преговорите со Хамас пропаднале заради одбивањето на радикалното движење, во својата програма да ја признае надмоќта на Палестинската ослободителна организација. Инаку Хамас по изборната победа е под постојан меѓународен притисок да го признае правото на постоење на израелската држава и да се откаже од насилството.