1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хамас најави одмазда

Ситуацијата на Блискиот исток се заострува:вооруженото крило на владеачкото движење на Палестинците,Хамас,најави прекин на примирјето и кон Израел испали неколку ракети,откако израелската војска уби седуммина цивили на една палестинска семејна прослава,меѓу нив и три деца.

default

САД ги повикаа Израелците и Палестинците на воздржаност.Сите активности кои можат само да ја заострат ситуацијата,мора да бидат избегнати,изјави портпаролот на американското министерство за надворешни работи Шин Меккормак.Тој го изрази американското жалење за инцидентот,укажувајќи дека и Израел започнал истрага на случајот.

-Нашиот непријател не е палестинскиот народ.Ние ги правиме сите можни напори за избегнување невини жртви меѓу цивилите.А тоа што сакаме да го направиме е превенција на нападите и ракетирањето на терористите врз цивилните населби.

Меккормак додаде:

-Јас сакам само да го подвлечам она што сме го кажале и порано,дека Из5раел има право да се брани,но и да ги сноси последиците од неговите акции притоа и за генералната ситуација во регионот,изјави Меккормак.

И генералниот секретар на ОН Кофи Анан побара истрага за убиството на палестинските цивили.

Милитантното крило на Хамас денеска ја оствари својата синоќешна закана за прекин на примирјето како одговор на израелскиот напад.За првпат по неколку месеци припадниците на Хамас испалија ракети кон Израел.Претходно и Ел Касам бригадите најавија одмаздничка реакција.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди однесувањето на Израелците и побара од меѓународната заедница да ја запре нивната офанзива,односно ганстерството на Израел,како што го нарече.Тој прогласи тридневна жалост во палестинските области.

Палестинскиот премиер Исмаил Ханија исто го осуди израелскиот напад како воено злосторство,а до соперничките палестински движења Хамас и Фатах апелираше за единство.

И покрај насилството во појасот на Газа палестинскиот претседател Махмуд Абас не се откажува од планираниот референдум,со кој меѓу другото треба да се изгласа основањето на државата Палестина во областите кои од 1967 година се под израелска окупација,што индиректно ќе значи признавање на Израел.Во движењето Фатах на претседателот Абас велат дека референдумот е средство за да се запре натамошното крвопролевање меѓу Палестинците и Израелците и во рамките на самото палестинско општество.

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт смета дека референдумот нема значење.За еден британски весник Олмерт рече дека тој не придонесува кон дијалог меѓу двете страни.