1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хакери упаднале во системот на НАТО

Хакерската група „Анонимус“, според сопствени извори, успеала да навлезе во компјутерскиот систем на НАТО и да украде дел од доверливите документи.

default

Групата хакери преку Твитер порача дека располага со околу еден гигабајт информации, кои меѓутоа нема да ги објави, бидејќи тоа би било неодговорно. Таа објави на интернет само два помалку важни документи како доказ за успешноста на хакерскиот напад. НАТО не ја потврди автентичноста на документите и најави истрага. Доколку се покаже дека групата е во право, тоа би можело да значи голема опасност за војниците на Алијансата и за цивилното население, порача гласноговорник на НАТО.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Трајче Тосев