1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Хакери го нападнаа Мајкрософт

Концернот Мајкрософт стана жртва на хакерски напад, сличен на оние врз Фејсбук и Епл, соопшти софтверскиот концерн. Колкави се штетите?

Според наводи на Мајкрософт, со штетни компјутерски програми е инфициран „само мал број“ компјутери во фирмата. Концернот уверува дека нема укажувања оти се погодени податоци на муштерии. Портпарол на Мајкрософт не сакаше да даде натамошни коментари за нападот.

Концернот Епл во вторникот (19.02) соопшти дека хакери успеале „да влезат во мал број компјутери“ на негови соработници. Фејсбук пред една недела соопшти дека бил цел на ваков напад. Твитер пак, според сопствени наводи, исто така бил цел на сајбер напад во овој месец, при што хакерите најверојатно успеале да стигнат до имињата и имејл адресите на околу 250.000 корисници. Експертите претпоставуваат дека нападите доаѓаат од Кина или Источна Европа.