1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хакерите од Балканот на собир во Струга

Под провакативен наслов „Ништо нема да се случи“ во Струга се дружат хакерите од регионот. Често ги мешаат со крaкерите и признаваат дека тешко можат да ја убедат јавноста дека не се едно исто.

Медиумите постојано јавуваат за хакерски упади во сајтови, дури и во добро чувани светски институции, за испразнети банкарски сметки, за пробиени електронски адреси и украдени вредни податоци. И сето тоа им се припишува на хакерите. Но, средбата со луѓето кои јавноста ги нарекува хакери, и од кои сите се плашат и бегаат како од најлош компјутерски вирус, ни дава нова слика за нив. Тие компјутерите ги доживуваат и опишуваат како нешто за кое се’ треба да се знае.

Хакерите се љуопитни, ја почитуваат приватноста и се против цензурата

Mazedonien Treffen von Hackern Jovanka Gulicoska

Јованка Гулицоска, претседателка на „Слободен софтвер – Македонија“

Што се всушност хакерите – постои ли дефиниција за нив? Дали се тоа само луѓе кои можат да ви го разорат компјутерот од далечина, да ви ја испразнат сметката и слично? 

„Не, не, не сме тоа. Хакерот може да се дефинира како ентузијаст кој сака да го прави и промовира нештото во своето поле на интерес. Хакерите се луѓе кои сакаат да дојдат до некој свој оригинален изум кој ќе им олесни одреден процес во секојдневието“, објаснува претседателката на „Слободен софтвер – Македонија“ Јованка Гулицоска, домаќин на средбата на хакерите и технолошките ентузијасти од регионот.

„Хакерот е човек којшто има желба да види како функционираат компјутерите и на кој начин може да ги промени да работат, нешто за што оригинално не се создадени, и на тој начин да ни овозможи да ги искоритиме за нешто што сакаме, што е убаво или во секој случај корисно“, се надоврзува Добрица Павлинушиќ од Загреб, член на хаклубот „Мама“.

Овој клуб всушност бил основоположник на средбите кои сега се одржуваат на Балканот.

Wachsende Gefahr von Hacker-Angriffen

Јавноста смета дека хакерите само пробиваат вебстраници и лични податоци, а тие тврдат дека се нешто повеќе од тоа

„Компјутерите не служат само за она за што сте го купиле, на пример, за обработката на текстови. Тие можат многу повеќе и вие како индивидуа треба да ги искористите“, велат  Добрица и Јованка и не уверуваат во нивните интереси: „На пример, имаме уреди кои ги добиваме од компаниите од кои користиме интернет. Тогаш на нив инсталираме свој софтвер и на тој начин добиваме повеќе можности. На нашиот АДСЛ модем можеме да приклучиме веб камера. Ако сакаме да наместиме да се мери температурата во нашиот стан лесно го правиме тоа сами и не мора да го купиме уредот. Неодамна некои хакери во Скопје се досетиле и во монотоните градски семафори хакирале облик на срце. Со вклучувањето на семфорот сликата е далеку поинтересна, похумана и поурбана“.

Владимир Василев од Софија е основч на првиот од четирите бугарски хакерски клубови. Се допишувал со колеги од друштвото „Кика“ од Скопје. Пред еден месец бил во Белград се сретнале и решил да дојде и во Струга.

„Ние не сме лоши луѓе кои прават штети. Но, за жал луѓето преку филмовите или медиумите добија лоша слика за хакерите. Ние сме за приватност и се бориме против цензурата. Во реалноста ние докажуваме дека хакери не се тие коишто ги кршат компјутерите или крадат информации. Треба да се прави разлика помеѓу хакерите и оние другите, кои ние ги викаме кракери, кои понекогаш се занимаваат и со нелегални работи“, вели Василев.

Можеби ништо нема да се случи – важно е да се дружиме

Symbolbild Hacker-Gruppe LulzSec

Хакерите велат дека компјутерите можат да се искористат за многу повеќе работи од само пишување текстови

Кафе паузата завршува и околу четриесеттината хакери од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Косово повторно се пред компјутерите. Претходно ни признаа дека немаат определен план и програма. Се претставуваа, кажуваа што знаат, а што не и за што се заинтересирани и што сакаат да научат.

„Во скопскиот клуб, на пример, се собираме неколку пати во неделата. Понеделнк е резервиран за лицата кои имаат проблем со Линукс системот. Во четврток на ред се програмските јазици, а во сабота ’споделуваме знаење’ и тогаш сме најтолерантни, па некој може да сподели и некој рецепт за  јадење со присутните“, вели Јованка.

Хаклубовите на Балканот не се место во кое се собираат само луѓе кои ги разбираат компјутерите. Зачленети се и луѓе од различни професии на кои интересот им е ист. По Струга летово тие ќе се дружат во Сплит, а потоа за првпат и во Софија.

„Јазичната бариера одамна е надмината. Сите сме исти. И на крај освен дружењето не знаеме дали од средбите ќе произлезе и нешто продуктивно. Битно е да се дружиме. Оттука и насловот на нашите средби“, со насмевка велат тие.