1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хаити: Епидемијата на колера излегува од контрола?

ОН упатија драматичен апел да се соберат 164 милиони долари за борба против епидемијата од колера на Хаити. Бројот на загинати лица од заразната болест надминува 800, а секојдневно заболуваат стотици.

default

Стотици лица секојдневно се слеваат во болниците во Хаити со симптоми на колера

„Се надеваме дека ќе ги добиеме бараните финансиски средства, или во спротивно нашите напори за справување со колерата на Хаити ќе бидат неуспешни“ , порача Елизабет Бирс, портпарол на Канцеларијата на ОН за координирање со хуманитарните кризи.

ОН сметаат дека 164 милиони долари се итно потребни за обезбедување на дополнителни лекари, медицински средства и опрема за прочистување на водата за пиење за да се одговори успешно на епидемијата која се шири во една од најсиромашните земји во светот.

ОН стравуваат од преку 200 илјади случаи на колера

Haiti Gesundheit Cholera Hunde

Животните услови на Хаити се мизерни

Од првото забележување на болеста, на 22 октомври, досега од колера се разболеле повеќе од 12.300 лица , преплавувајќи ги малите, пренатрупани и лошо опремени болници и клиники во земјата која се’ уште ги нема надминато последиците од катастрофалниот земјотрес во јануари годинава, кој однесе 250 илјади животи.

Згора на тоа, по земјотресот повеќе од еден милион луѓе останаа без покрив над главата и се’ уште живеат во привремени живеалишта, најчесто во т.н градови од шатори каде што пристапот до чиста вода за пиење и лична хигиена е ограничен.

ОН стравуваат дека во овие привремени населби постои потенцијал за експлозија на епидемијата на заразната болест. Нивните најмрачни проценки говорат дека бројката на заболени од колера на Хаити би можела да се искачи на преку 200 илјади луѓе.

Haiti Gesundheit Cholera Kinder

Меѓу заболените и голем број деца

Ураганот Томас дополнително ја влоши ситуацијата

Џон Ендрус од Панамериканската здравствена организација очекува натамошен раст на бројот на жртвите од болеста:

„Треба да се подготвиме на значително повеќе случаи на колера. Тоа значи дека е потребно итно згрижување на заболените и повеќе луѓе кои ќе даваат помош за да може успешно да се реагира на состојбата. Хаити се наоѓа на остров и бактеријата предизвикувач на болеста се проширува во речните и водни системи на земјата. Тоа е голем предизвик ако се сака да се контролира натамошното ширење на колера.“

Инаку, ситуацијата на Хаити дополнително беше влошена по налетот на ураганот Томас пред една недела, кој однесе 20 животи во островската држава, а поројните дождови кои ги донесе предизвикаа излевање на реките во земјата и поплави.

Автор:СН/ЕМФ/афпе/ард

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска