1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Хаг: Потврдени казните за злосторства над косовските Албанци

Хашкиот трибунал ги потврди и намали повеќегодишните затворски казни за Никола Шаиновиќ, Сретен Лукиќ, Владимир Лазаревиќ и Небојша Павковиќ поради злосторства над косовските Албанци во 1999. година.

Хашкиот трибунал денеска го осуди поранешниот потпретседател на Владата на Сојузна Република Југославиија Никола Шаиновиќ на 18 години затвор, полицискиот генерал Сретен Лукиќ на 20, генералот на Војската на Југославија Небојша Павковиќ на 22 и Владимир Лазаревиќ на 14 години затвор поради злосторства над косовските Албанци во 1999. година.

На генералот Павковиќ, поранешен командант на Третата армија на ВЈ потврдена му е правостепената пресуда од 22 години затвор. На Шаиновиќ му е намалена казната од 22 на 18 години, на началникот на штабот на косовското Министерство за внатрешни работи Лукиќ од 22 на 20, а на началникот на штабот на Приштинскиот корпус Лазаервиќ од 15 намалена му е казната на 14 години.

Со обвинението е опфатен и поранешниот претседател на Србија Милан Милутиновиќ, кој првостепено е ослободен од сите точки на обвинението.

Поранешниот началник на ГШ на ВЈ Драгољуб Ојданиќ за истото дело е осуден на 15 години затвор. Тој минатата година излезе од затвор, откако отслужи две третини од казната.