1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Хаг осуди двајца поранешни функционери од Република Српска

Судот за воени злосторства во поранешна Југославија осуди денеска двајца поранешни функционери од Република Српска. Миќо Станишиќ и Стојан Жупљанин добија по 22 години затвор за злосторства во босанската војна.

Поранешните високи функционери во Република Српска се осудени за спроведување кампања за чистење на Босна од Муслимани, Хрвати и сите останати не-Срби за време на војната во Босна и Херцеговина, во периодот од 1992 до 1995 година.

Стојановиќ и неговиот подреден Жупљанин се осудени на поединечни казни затвор од по 22 години. Стојановиќ за време на војната бил министер за внатрешни работи во Република Српска, а Жупљанин началник на Центарот за безбедност во Бања Лука. Тие беа обвинети за протерувања, убиства и нечовечки дела направени над босански и хрватски цивили.

Обвинителството за двајцата бараше доживотна казна затвор, а одбраната ослободителни пресуди. Двајцата се наjвисоки функционери од Република Српска кои учествувале во војната и се осудени како учесници во здружено злосторничко делување.