1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Хаг – Карла дел Понте

Канцеларијата на главниот обвинител на Хашкиот трибунал издаде соопштение во кое се демантира дека била склучена спогодба со Белград за прикривање документи од Меѓународниот суд во Хаг. Во соопштението се нагласува дека степенот на заштита под кој се разгледуваат некои документи ги донесува Судот, а не обвинителството или одбраната. Правилникот исто така овозможува државите да побараат одредени заштитни мерки за одделни документи. Хашкиот суд и Меѓународниот суд на правдата работат одвоено и секој одлучува независно кои докази ќе ги земе предвид, а кои не.

Џефри Најс, главниот обвинител во случајот против Слободан Милошевиќ претходно ја обвини Дел Понте дека со официјален белград се договорила за прикривање на докази за вмеашноста на Југославија во војната во Хрватска и Босна и Херцеговина.