1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Хаг го ослободи генералот Момчило Перишиќ

Трибуналот за воени злосторства денеска правосилно го ослободи поранешниот началник на Генералштабот на Војската на Југославија Момчило Перишиќ од вината за злосторства на српските сили во БиХ и во Хрватска.

default

Во септември 2011. првостепениот совет на Трибуналот го осуди генералот Перишиќ на 27 години затвор поради помагање и поддржување на артилериски и снајперски напади врз цивили во Сараево од позициите на Војската на Република Српска од 1993 до 1995. година, и за убиството на околу 7 илјади Муслимани и преместување на населението од Сребреница во јули 1995 година. Перишиќ беше осуден и затоа што не го спречил и не ги казнил сторителите на ракетните напади врз Загреб во мај 1995 година во кој загинаа седум луѓе, врз основа на наодите дека имал ефективна команда и контрола врз Војската на Република Српска Краина.

Поништувајќи ја денеска таа пресуда, жалбениот совет на Трибуналот утврди дека помошта која Војската на Југославија и ја пружила на Војската на Република Српска не била со „конкретно упатство“ да биде употребена за извршување воени злосторства во Сараево и во Сребреница, туку за „општите воени напори“ на ВРС.