1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

ФФМ презеде одговорност

Фудбалската федерација на Македонија ја прифати вината за слабите резултати на неодамна завршениот квалификациски циклус за Светското првенство 2014.

Спортскиот директор на македoнската фудбалска репрезентација Петар Милошевски денеска (21.10) оцени дека е неопходна анализа:

„Одигравме неколку добри натпревари, а неколку од нив несреќно ги загубивме, но кога тоа често се случува треба да се направи добра анализа зошто не се освојуваат бодови. Потфрливме во моментите кога требаше да се игра на резултат. Поради тоа треба многу да работиме на создавање победнички менталитет, вербата во себе и способноста да се одговори на големите очекувања на јавноста, а целата одговорност за освојување на последното место ја прифаќаме ние“, изјави Милошевски.

Тој на денешната прес-конференција се осврна и на изборот на селектор и назначување в.д. селектор, информирајќи ги присутните дека плановите на ФФМ биле да се задржи Јаневски на подолг рок, но неговата постапка за напуштање на репрезентацијата ги изненадила сите. Во однос на шпекулациите кои се појавија околу организацијата на патувањата и целата логистика од ФФМ се децидни дека тој сегмент солидно бил одработен, а сите обврски кон играчите и стручниот штаб навремено исполнети.

За изборот на фудбалерите спортскиот директор ги отфрли сите обвинувања дека некои фудбалери се фаворизираат со цел нивен подобар клупски ангажман. Милошевски во своето излагање го спомна и Горан Попов:

„ФФМ е свесна за неговите играчки квалитети и поради тоа вратите ќе му бидат секогаш отворени, но тоа бара подготвеност за промена, а Попов не само што не го смени однесувањето, туку не се ни извини. Во два наврати беше повикан од селекторот да се поразговара за неговиот статус и за евентуално негово враќање во репрезентацијата, но тој одби да дојде“, информира Милошевски.

Околу репрезентативната иднина на Горан Пандев и Агим Ибраими, од федерацијата се уверени дека Ибраими и понатаму ќе настапува во „црвено-жолтиот“ дрес, додека за Пандев ќе бидат направени напори да се премисли околу неговата одлука за дефинитивен крај во националниот дрес.

На крајот, Милошевски најави пополнување на селекторското место во најкус можен рок со квалитетен и реномиран тренер кој ќе има долгорочна визија за репрезентативниот фудбал. Македонската репрезентација квалификацискиот циклус за Мундијалот во Бразил 2014 го заврши на последното место со само седум освоени бодови во конкуренција на шест репрезентации.