1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Фуџимори ќе се кандидира за јапонски парламентарец

*

Поранешниот претседател на Перу, Алберто Фуџимори, кој се наоѓа во домашен притвор во Чиле, планира да се кандидира за пратеник во горниот дом на јапонскиот парламент. Претставник на 68 годишниот Фуџимори потврди дека тој ќе учествува на изборите во Јули како кандидат на јапонската конзервативна народна партија, формирана пред две години. Од таму велат дека Фуџимори, како јапонски државјанин има право да се кандидира. Инаку Перуанските власти бараат екстрадиција на Фуџимори кој е обвинет за кршење на човековите права и корупција за време на неговото владеење.