1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фукушима ќе труе уште девет месеци

Kонцернот Тепко, управител со Фукушима 1, има намера во рок од шест до девет месеци да ја стави под контрола хаварисаната нуклеарна централа. Јапонската влада бараше од концернот да поднесе временски план.

default

Рушевината Фукушима

Јапонската влада вршеше притисок, фактите да се изведат на маса. Од атомскиот концерн Тепко, управител со хаварисаната нуклеарна централа Фукушима 1, бараше конкретни податоци, уште колку време ќе биде потребно за катастрофата да се стави под контрола.

Концернот меѓутоа не сакаше и не може да изнесе обврзувачки податоци: „Временскиот план секако е поврзан со секаков вид ризици. Меѓутоа се надеваме, дека како прв чекор во рок од три месеци, ќе може да ја намалиме јачината на радијацијата која истекува. Во рок од шест месеци предвидуваме, како втор чекор, да го ставиме под контрола истекувањето на радиоактивни честички“, изјави Цунехиса Кацумата, шеф на Тепко.

Dossierbild 3 Japan Schutzanzüge

Радијацијата под контрола за шест до девет месеци?

Вицепретседателот на енергетскиот концерн, Саке Муто, изјави дека се планира покривање на атомската централа, како и деконтаминирање на озрачената околина.

Паралелено со временскиот план, фирмата објави и фотографии, на кои јасно се гледаат нанесените штети од катастрофата врз реакторите, како и пумпите, кои сега работат на ладење на реакторите.

Со оглед на временскиот план, најрано за половина година јапонската влада ќе донесе одлука дали дел од евакуираното население ќе може да се врати во своите домови. Се чини дека живот во близина на Фукушима нема да биде возоможен за подолг период.

Автор: Герлинд Фолмер/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM