1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фукушима: Ситуацијата поопасна отколку што се мислеше

Од Јапонското нуклеарно надзорно тело планираат да го покачат степенот на опасност од истекувањето на радиоактивната вода од уништената нуклеарка во Фукушима, велејќи дека се „мошне загрижени“.

Надзорниот орган на нуклеарката изјави денеска (21.08.2013) дека ќе го покачи статусот на опасност на трето ниво, „сериозен инцидент“. Инцидентот моментално е класифициран како „аномалија“ според Скалата за меѓународни нуклеарни инциденти на Обединетите нации (ИНЕС).

Надзорното тело вели дека пред да ја смени класификацијата за опасноста од истекувањето ќе се советува со Нуклеарната регулаторна агенција на ОН за да види дали користењето на ИНЕС за оценување на степенот на опасност во атомската централа Фукушима е соодветно.

Класификацијата се движи од еден до седум, со тоа што степенот седум значи најлоша состојба. Само два инциденти досега се оценети со седум. Првиот е катастрофата во Чернобил пред четвртина век и вториот е нуклеарката во Фукушима, чиј систем за ладење беше исклучен од земјотресот и цунамито во 2011, предизвикувајќи топење на јадрото во реакторите.

’Мошне загрижени’

Управителот на фабриката, компанијата ТЕПКО, изјави дека 300 000 литри од загадената вода веќе истекла од една од многуте челични цистерни. Изворот на истекувањето треба допрва да се најде, иако има сомнеж за дефект во системот или вентилите.

„Ја отстрануваме почвата загадена од истечената вода, додека исто така ја собираме преостанатата вода од проблематичната цистерна“, изјави портпаролот на ТЕПКО. „Се трудиме да направиме се‘ што можеме за да не се прошири загаденоста надвор од просторот на нуклеарката, вклучувајќи го и морето“.

Од ТЕПКО велат дека локацијата на цистерната е 100 метри од брегот што значи дека не претставува директна опасност за морето. Сепак, Хидека Моримото, портпарол на надзорното нуклеарно тело на Јапонија вели дека радиоактивната вода може да стигне до морето преку исушениот одводен канал.

300 Tonnen radioaktives Wasser versickert in Fukushima August 2013

300 000 литри од загадената вода веќе истекла од една од многуте челични цистерни

„Многу сме загрижени“, изјави тој за репортерите.

Четирите други цистерни од истиот вид, кои се користат за да се складира загадената вода која доаѓа од Фукушима, имале помали истекувања уште од минатата година.

ТЕПКО се бори да се справи со големата и растечката количина на вода, која се користи за да се ладат реакторите на атомската централа. По низата проблеми, јапонската влада соопшти дека ќе се вклучи директно во процесот на самирање, и нема да ја препушти одговорноста само на компанијата.