1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Фукуда иден јапонски премиер

*

Јапонските либералдемократи денеска го избраа 71 годишниот политичар Јасуо Фукуда за нов партиски шеф откако досегашниот Шинсо Абе поднесе оставка. Фукуда со ова станува и кандидат за иден премиер. Тој важи за искусен политичар на умерената струја која се залага за поблиски односи со азиските земји. Вети дека неговата земја ќе ја продолжи борбата против тероризмот и ќе се посвети на економскиот напредок. Противкандидат му беше бившиот шеф на дипломатијата Таро Асо. По серијата скандали и лоши изборни резултати во јули, Абе поднесе оставка на 12 септември.