1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Фуере: средбата на политичките лидери доказ дека политичкиот дијалог напредува

*

Средбата на партиските лидери во Македонија е доказ дека политичкиот дијалог напредува, изјави амбасадорот на ЕУ во земјата, Ерван Фуере. Тој оцени дека е успех тоа што сите седнале на заедничка маса и демонстрирале дека политичкиот дијалог функционира. “Тоа е вистинскиот пат кој ќе доведе до спроведување на реформата на Судскиот совет. Ги охрабруваме истиот консензус да биде демонстриран и за останатите реформи кои треба да бидат спроведени”, изјави Фуере. Лидерите на политичките партии во Македонија за вторник договорија нов заедничкиот состанок на кој се надеваат дека ќе пронајдат решение за заглавените судски реформи.