Фуере-срамен инцидент | Вести | DW | 26.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Фуере-срамен инцидент

*

Амбасадорот на ЕУ во Македонија , Евран Фуере денеска оцени дека вчерашниот инцидент во македонскиот парламент бил срамен и рефлектира лоша слика за политичарите во земјата . Фуере ги осуди сите инциденти што се случија во Собранието а посебно нападот врз новинарите и медиумите што си ја вршеле својата работа . Осуда за нападот врз медиумите упатија и неколку невладини и медиумски организации како и Здружението на новинари на Македонија .